Атина Бојаџи е легендарна македонска маратонка во пливање, позната по своите неверојатни спортски подвизи, кои вклучуваат препливување на студениот канал Ламанш и Медитеранот. Родена во Охрид на 13 март 1944 година, таа веќе на 11-годишна возраст ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки, покажувајќи го многу рано својот талент и решителност.
На само 18 години, Бојаџи стана светски шампион во маратонско пливање, триумфирајќи на Охридскиот маратон и на патеката Капри-Наполи, освојувајќи титули на слатки и солени води. Нејзиниот врв, меѓутоа, се случи на 9 септември 1969 година, кога таа го преплива Ламанш за време од 13 часа и 20 минути, станувајќи првата жена од Македонија и Југославија која успеала во овој подвиг.
Таа беше светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година.
Двапати беше светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години со што до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња.
Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Наполи станува светски првак на солени води.
Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет. Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасност, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан.
Во последното нејзино интервју, Атина Бојаџи се присети на својата незаборавна авантура како „малечка Македонка” која го освои Ламанш. Таа живописно опиша како студената, црна вода првично ја исплаши, но нејзината решителност ја натера да се врати, прилагодувајќи го своето тело на екстремните услови. Со поддршка од капетанот Хачинсон и еден Холанѓанец во инвалидска количка, таа успешно го заврши своето 13-часовно пливање низ тешки услови, вклучувајќи медузи и голема осека. На крајот, излезе на брегот на Довер со огромна храброст и истрајност, поздравена од сирените на бродовите во пристаништето.
Препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година важеше за врв на нејзнината пливачка кариера (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата жена која го остварила овој успех. Во 1975 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи снимен е филмот „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот.
Филмот бил еден од најголемите хитови во кино во тој период, а и денес често се репризира на телевизија.
Бојаџи беше еден од соработниците на филмот и во некои сцени таа пливала наместо актерката.
„Има некои работи и настани во животот кои никогаш не можат да се заборават, бидејќи сè ве потсетува на нив, или кои не сакате да ги потиснете од вашата меморија. Сите ние заборавени спортски асови, како што некогаш нè нарекуваа, имаме такви моменти. Спортските резултати, подвизи и рекорди, медали и трофеи често се сè што имаме, еден вид фетиш што не дозволуваме да биде допрен. Тешко на оние што ќе се обидат да ни го украдат“ – рече Бојаџи во интервју 1978-ма година, на премиерата на филмот „Исправи се, Делфина“.
Пливачката кариера подоцна ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник “Утрински весник“ ја прогласува за спортист на векот.
По кусо боледување, на 66 години почина Атина Бојаџи, легенда на македонското маратонско пливање, првата Македонка која во 1969-та година го преплива каналот Ла Манш, светска шампионка во маратонско пливање и неколкукратна победничка на Охридскиот маратон. Во одделни анкети Бојаџи беше прогласувана и за спортист на векот во Македонија. Нејзиниот живот и кариера се одбележани со многубројни награди и признанија, меѓу кои наградата за животно дело од Пливачката федерација на Македонија, признанието „Великан на македонскиот спорт“ од Македонскиот олимписки комитет и титулата „Спортист на векот“ од дневниот весник „Утрински весник“.