СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ – концерт на ARTAN LILI и ZANADU

СИЛАТЕ УМ МЛАДИТЕ ве кани на концерт на 8 март во МКЦ со почеток од 21 часот.
Култниот белградски андерграунд бенд ARTAN LILI и еден од милениците на скопската публика, со концерт во МКЦ како дел од музичката програма на Силата ЕУ Младите. Љубовта со Скопје и македонската публика е обострана, како што велат и самите дека за Скопје ги врзуваат прекрасни спомени, уште од самиот почеток на бендот. Првите нивни пресни биле продуцирани од Трипе (Ненад Трифуновски) додека пак името на бендот е склопено за време на еден нивен престој во Куманово.
Од самите почетоци, најавени со првиот сингл “Џони” (2012), ARTAN LILI прераснаа во еден од најмногу спомнуваните музички состави во регионот, кога се зборува за новата сила на домашната и регионална музичка сцена. Групата со текот на времето се засили, во сега веќе препознатливата четворка: Бојан Слачала – бас и вокал, Романа Слачала – вокал и дајре, Марко Ајковиќ – тапани и Иван Скопуловиќ – гитара.
Зад себе имаат три студиски албуми. Последниот албум бележи песни реализирани во соработка со познати колеги од локалната сцена: „Rokenrol posle rokenrola” со Зоран Костиќ-Цане од Partibrejkers, „Otrov“ со Никола Врањковиќ и „Hardkor i pank“ со Зоран Маринковиќ, од Bjesovi.
Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и ТВ топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната „Ako stanemo tu“ која веднаш како новитет застана на првото место на листата „Diskomer“ на „Studio B“. Куриозитет што во повеќе од 40 години постоење на листата, го имале само музички групи како Bjelo Dugme и Ekaterina Velika. Добитници се на првата по ред награда на друштвото „Milan Mladenović“.


Занаду е млад бенд од Скопје, коj не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фрекфенции се начини на кои пробуваат да го пронајдат звукот коj најдобро ги дефинира. Формирани 2021 година, по период на дефинирање на идеjата и музичко себеспознание, во 2022 година го обjавуваат своjот деби сингл “Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум “Соништа” предводен од истоимениот сингл и синглот “Зборувај, замижи, побегни”. Занаду се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со своjата младешка енергија против сите ограничувања и догми, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапите, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои едногласно ги делат со публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни