10 сигнали што телото ви ги испраќа кога нешто не е во ред

Нашето тело ретко „молчи“ кога нешто не е во ред – напротив, постојано испраќа сигнали кои често ги игнорираме. Експертите предупредуваат дека одредени симптоми може да изгледаат безопасно, но всушност укажуваат на недостаток на витамини, исцрпеност или дури и почеток на болест. 

Еден од најчестите знаци е проблем со спиењето, раздразливост и грчеви во нозете, што најчесто укажува на недостаток на магнезиум и калиум во организмот. Исто така, силна желба за солена храна може да биде знак за воспаление или инфекција, додека желбата за слатко често се поврзува со замор и потреба од брза енергија. 

Промените на кожата се исто така важен сигнал. Сува кожа може да значи недостаток на витамин Е, додека сува кожа на лактите често укажува на недостиг од витамини А и Ц. Дополнително, крварење на непцата е чест знак дека телото има недостаток од витамин Ц и бара подобра исхрана. 

Телото испраќа сигнали и преку желбите за одредени намирници. На пример, желба за морска храна може да укажува на недостаток на јод, додека потребата за кисела храна може да значи дека на организмот му е потребна поддршка за работата на црниот дроб и жолчката. 

Исто така, кршлива коса и нокти се знак за недостаток на витамини од Б-комплексот и калциум, а постојана желба за сурова храна може да укажува на проблеми со желудникот или гастритис. 

Стручњаците нагласуваат дека овие сигнали не треба да се игнорираат. Иако не секој симптом значи сериозна болест, нивната појава е јасен показател дека телото има потреба од внимание – било преку подобра исхрана, повеќе одмор или лекарска консултација. Раното препознавање на овие знаци може да спречи развој на посериозни здравствени проблеми. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни