Шведскиот премиер до Орбан: „Драг Викторе, разбирам дека овој пат сте навистина загрозени“

Шведскиот премиер Улф Кристерсон му порача на својот унгарски колега Виктор Орбан да не ја вклучува Шведска во својата изборна кампања, по критиките на Орбан за начинот на кој Стокхолм се справува со организираниот криминал.
Фото: European People's Party, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

„Драг Викторе, разбирам дека во вашата земја е изборна кампања и дека овој пат сте навистина загрозени. Но ние не се мешаме во вашата кампања и не сакаме да учествуваме во неа. Шведска и шведскиот народ секогаш биле пријатели на Унгарија и на унгарскиот народ – пред вашата влада, за време на вашата влада и ќе останеме пријатели и по неа“, напиша Кристерсон.

Тој потсети и на историските моменти на солидарност: Шведска помогнала на илјадници унгарски Евреи за време на холокаустот, а по советската инвазија на Унгарија во 1956 година, исто така покажала поддршка за борбата за демократија и слобода.

Претходно денеска, Орбан ја критикуваше Шведска, повикувајќи се на изјавата на Кристерсон од почетокот на 2025 година дека Шведска нема „контрола“ над состојбата во земјата. „Закон и ред се рушат, а тие ни држат лекции за владеење на правото“, рече Орбан.

Сукобот меѓу двајцата лидери започнал во понеделник, откако Орбан ја критикувал Шведска поради високите бројки на малолетни девојчиња вклучени во тешки злосторства, цитирајќи податоци од германски Die Welt. Шведските власти, пак, наведуваат значително пониски бројки според нивните истражувања.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни