Шведскиот крал Карл Густав го посети олимпиското село во Париз и имаше прилика лично да ги провери забелешките на спортистите на условите и сместувањето.
Иако сцените од борбите за медали се тие што привлекуваат најмногу внимание, сепак голем број на спортисти се пожалија и на условите за сместувањето и храна во олимпиското село.
На интернет се проширија фотографиите од олимпискиот пливачки шампион и светски рекордер на 100 метри грбно, Италијанец Томас Чекон, кој беше фотографиран како спие покрај клупа во парк. Тој се жалеше на лошите услови, неудобните картонски кревети, со пластични душеци и неклиматизирани соби.
Кралот Карл Густав е во Париз за да ги следи шведските спортисти, а вчера и лично бил во олимпиското село за да ги провери условите. Фотографите го сликале за време на посетатата како насмеан седи на еден од картонските кревети.
Карл Густав е познат како љубител на спортот и е верен навивач на Шведска.
Извор: РТС