Шведска минатата година им одобри најмалку дозволи за престој на барателите на азил и на членовите на нивните семејства од почетокот на евидентирањето на податоците за миграцијата во 1985 година, објави денеска Шведската агенција за миграција.
Како што е соопштено, минатата година владата во Стокхолм одобрила престој на 6.250 баратели на азил и членови на нивните семејства, што е за 42 отсто помалку отколку во 2022 година, кога на власт дојде сегашната десничарска администрација, но и најмал број од 1985 година.
Владата најави дека бројот на баратели на азил во земјата ќе продолжи да се намалува, а од 2022 година воведе голем број мерки за намалување на миграцијата, вклучително и отежнување на добивањето државјанство и дозволи за престој.
Шведска забележа рекорд од 86.000 одобрени дозволи за престој дадени на баратели на азил во 2016 година, една година откако 163.000 луѓе побараа азил во Шведска, што е најголем број по глава на жител во ЕУ.
Владата ги поттикнува мигрантите да се вратат во нивните матични земји и одвои три милијарди шведски круни (261,1 милиони евра) за грантови за репатријација. Почнувајќи од следната година, мигрантите во Шведска кои доброволно ќе одлучат да се вратат во својата земја ќе можат да добијат речиси 35.000 евра од шведската влада, наспроти сегашните 870.Шведска минатата година им одобри најмалку дозволи за престој на барателите на азил и на членовите на нивните семејства од почетокот на евидентирањето на податоците за миграцијата во 1985 година, објави денеска Шведската агенција за миграција.
Како што е соопштено, минатата година владата во Стокхолм одобрила престој на 6.250 баратели на азил и членови на нивните семејства, што е за 42 отсто помалку отколку во 2022 година, кога на власт дојде сегашната десничарска администрација, но и најмал број од 1985 година.
Владата најави дека бројот на баратели на азил во земјата ќе продолжи да се намалува, а од 2022 година воведе голем број мерки за намалување на миграцијата, вклучително и отежнување на добивањето државјанство и дозволи за престој.
Шведска забележа рекорд од 86.000 одобрени дозволи за престој дадени на баратели на азил во 2016 година, една година откако 163.000 луѓе побараа азил во Шведска, што е најголем број по глава на жител во ЕУ.
Владата ги поттикнува мигрантите да се вратат во нивните матични земји и одвои три милијарди шведски круни (261,1 милиони евра) за грантови за репатријација. Почнувајќи од следната година, мигрантите во Шведска кои доброволно ќе одлучат да се вратат во својата земја ќе можат да добијат речиси 35.000 евра од шведската влада, наспроти сегашните 870.