Шведска повторно истражува евентуално оштетување на подводен кабел во Балтичко Море

Шведска повторно истражува евентуално оштетување на подводен кабел во Балтичко Море, во близина на југозападниот брег на земјата., каде изминатите месеци беа оштетни неколку подводни кабли.

„Добивме информации за можен прекин на кабелот и обвинителството одлучи да отвори прелиминарна истрага. Брод на крајбрежната стража е испратен на самото место“, изјави портпаролот на шведската крајбрежна стража, без да наведе повеќе детали.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон истакна дека Владата е информирана и оти штетата на подводната инфраструктура е особено загрижувачка во моменталната безбедносна ситуација.

Засега не е познато за каков тип на кабел се работи и кога настанала евентуалната штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни