Шведска ја укинува помошта за сиромашни земји и ја пренасочува кон Украина

Шведска ќе ја прекине развојната помош за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија и ќе ги пренасочи средствата кон Украина за обновување на енергетската инфраструктура и поддршка на земјата

Шведска ќе ја укине развојната помош за пет земји во наредните години и ќе ги искорист тие пари за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти шведската влада.

Оваа скандинавска земја планира постепено да ја укине помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Бенџамин Доуса.

„Украина е најважен надворешно-политички и развоен приоритет на Шведска, и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, рече Доуса. „Нема тајна машина за печатење на пари за развојни цели, па парите мора да дојдат од некаде.“

Средствата ќе бидат пренасочени кон Украина


Владата соопшти дека мерките ќе ослободат повеќе од две милијарди круни во текот на следните две години, кои би можеле да бидат пренасочени кон Украина за проекти како обновување на енергетската инфраструктура на земјата.

Шведска веќе ја укина помошта за повеќе од 10 земји откако сегашната влада ја презеде власта во 2022 година, меѓу кои и Буркина Фасо и Мали.

Шведска е голем донатор на хуманитарна помош, со буџет кој во последните три години достигнува 56 милијарди круни годишно за таа намена.

Владата соопшти дека ќе ја укине помошта од 53 милијарди круни годишно во периодот од 2026 до 2028 година, при што приоритет ќе биде потрошувачката, вклучувајќи и дел од средствата за покривање на трошоците за имиграција и враќање на мигрантите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни