Шведска испраќа воени офицери во Гренланд

Во последниве години, Арктикот стана сè поважна геополитичка област, поради климатските промени, новите бродски правци и богатите природни ресурси.

На барање на Данска, Шведска ќе испрати воени офицери во Гренланд, објави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Тоа е потег што доаѓа во чувствителен момент, додека безбедносната ситуација на Арктикот повторно се затегнува, а САД под водство на претседателот Доналд Трамп го зголемуваат притисокот и реториката поврзана со Гренланд.

„Повеќе офицери на шведските вооружени сили пристигнуваат денес во Гренланд“, напиша Кристерсон во објава на социјалните мрежи. „Тие се дел од повеќесојузна група. Заедно ќе се подготвуваат за претстојните активности како дел од данската воена вежба „Операција Арктичка издржливост“.

Зајакнување на военото присуство на Арктикот

Пристигнувањето на шведските офицери е дел од поширок процес на зајакнување на военото присуство во Гренланд и неговата околина. Данска и Гренланд веќе претходно објавија дека, во соработка со своите сојузници, ја зголемуваат воената подготвеност во таа стратешки исклучително важна арктичка област.

Шведските офицери ќе бидат вклучени во активности заедно со членови на други сојузници, како дел од данската вежба „Операција Арктичка издржливост“, чија цел е да се тестира способноста за дејствување во екстремни арктички услови и да се зајакне координацијата меѓу партнерските држави.

Овој потег доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја заостри својата реторика кон Гренланд, отворено доведувајќи го во прашање статусот на таа територија и интересите на САД во Арктикот. Во неколку наврати во последните месеци, Трамп зборуваше за „стратешката важност на Гренланд за безбедноста на САД“, а не исклучуваше политички или економски притисок врз Данска.

Заканите на Трамп

Ваквите изјави предизвикаа загриженост во Копенхаген и кај европските сојузници, кои го гледаат Гренланд како составен дел од Кралството Данска и клучен елемент на европската безбедносна архитектура во Арктикот. Во овој контекст треба да се гледа одлуката за дополнително воено вклучување на сојузниците, вклучително и Шведска.

Во последниве години, Арктикот стана сè поважна геополитичка област, поради климатските промени, новите бродски правци и богатите природни ресурси. Заедно со САД, Русија и Кина, европските земји исто така се обидуваат да го зајакнат своето присуство и соработка со цел да спречат дестабилизација на регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни