Швајцарија планира да инвестира 250 милиони долари во обновата и надградбата на својата мрежа на стари нуклеарни засолништа, пишува Ројтерс.
Благодарение на законот од 1963 година, Швајцарија е веќе пред своите соседи, како Германија. Секој од нејзините 9 милиони жители, вклучувајќи странци и бегалци, има гарантирано место во засолниште што ќе ги заштити од бомби и нуклеарно зрачење.
„Не значи дека се подготвуваме за конфликт. Во следните години Швајцарската Конфедерација сака да отстрани некои исклучоци од актуелните правила и да обнови некои од постарите засолништа“, изјавил за Ројтерс Луис-Анри Деларажез, командант на цивилната заштита за кантонот Во.
„Тоа не значи дека се подготвуваме за конфликт – тоа не е порака – но имаме мрежа на засолништа и мора да ги одржуваме и да осигураме дека ќе бидат функционални“, додал.
Деларажез исто така изјавил дека неговиот кабинет забележал пораст на бројот на повици од загрижени жители за засолништа по руската напада на Украина во 2022 година. „Одеднаш навистина бевме многу барани, а луѓето сакаа да знаат каде се засолништата, каде е нивното место, дали нивното засолниште е подготвено…“, изјавил тој.
Ројтерс пишува дека поголемиот дел од Швајцарците имаат приватни засолништа, но некои се ослонуваат на заеднички бункери.
Покрај Швајцарија, Финска е втора земја по бројот на изградени засолништа во Европа. Нејзините јавни засолништа можат да примат повеќе од 4,5 милиони граѓани од вкупно 5,6 милиони, а при потреба во нив може да се смести и целокупното население. Финските закони велат дека секоја зграда поголема од 1000 квадратни метри мора да има засолниште.
Хрватска пак, може да смести 10 проценти од населението во засолништа со кои располага. Засолништа имаат капацитет за 368.000 граѓани, што претставува 9,5 отсто од населението според пописот од 2021 година, стои во извештајот. Повеќе од три четвртини од засолништа, се наоѓаат во 14 најголеми градови, а најмногу ги има во Загреб и во нив може да се смести 168.000 жители на главниот град. Во прашање се засолништа на основна заштита, засолништа за дополнителна заштита или тунелски засолништа, засолништа за појачана заштита и засолништа за кои не е утврден степенот на заштита.