Секоја промена на статусот на Гренланд бара согласност од Данска и од самиот Гренланд, соопшти денес швајцарското Министерство за надворешни работи, по повод повторените изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста од преземање на оваа данска територија.
Министерството наведува дека не коментира изјави на странски влади, но потенцира дека, според меѓународното право, Гренланд припаѓа на Данска и има широк степен на автономија.
„Секоја промена на овој статус бара согласност и од Данска и од Гренланд“, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.
