Швајцарскиот министер за одбрана бара укинување на ограничувањата за извоз на оружје

Швајцарскиот министер за одбрана, Мартин Фистер, повика на укинување на ограничувањата за извоз на оружје, со цел да се зајакне меѓународната безбедносна соработка и да се помогне на домашната индустрија.
SONY DSC

Во исто време, тој предупреди на потенцијалните ризици што ѝ се закануваат на неутралната земја.

Владата на Швајцарија во февруари предложи олеснување на рестрикциите за извоз на оружје, со цел да се зајакнат безбедносните врски и да се поттикне развојот на индустријата. Ова претставува чувствителен потег во земја која досега го блокираше извозот на оружје и муниција во Украина.

Во интервју за весникот Neue Zürcher Zeitung, министерот Фистер изјави дека рестриктивниот став на Швајцарија ја поткопува „довербата“ на безбедносните партнери. Според него, важно е парламентот да продолжи со ревизијата на законот за воена опрема и да обезбеди дека Швајцарија ќе остане надежен партнер. Фистер денеска треба да се сретне со германскиот колега, Борис Писториус.

Министерот истакна дека постои значителна потреба за подобрување на одбранбените способности, особено во поглед на ризиците од сајбер напади и упади на беспилотни летала. Швајцарија наскоро ќе предложи соодветен систем за оваа цел.

Кога беше прашан како би реагирал НАТО ако Швајцарија биде нападната, имајќи предвид дека не е членка на алијансата, Фистер одговори дека Швајцарија може да биде потенцијално ранлива на уцени. „Швајцарија мора да биде способна да соработува со другите вооружени сили. Стабилните односи се многу важни“, нагласи тој.

Министерот се осврна и на швајцарската нарачка на американски борбени авиони F-35, по што се појавија прашања за тоа дали Швајцарија ќе купи помалку авиони поради зголемените трошоци. Сепак, според Фистер, купувањето на 36 авиони сѐ уште има смисла.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни