Швајцарија води по богатство: 687.000 долари по жител, САД паднаа на 15. место по еднаква распределба

Глобалното богатство порасна за 4,6% во 2024 година, покажува новиот UBS Global Wealth Report 2025, кој открива значителни разлики меѓу државите.

Швајцарија останува на прво место во светот по просечно богатство по возрасен жител – 687.000 долари, додека Луксембург е лидер според медијалното богатство, со речиси 400.000 долари по жител.

САД, и покрај тоа што се втори по просечно богатство со 621.000 долари, бележат драматичен пад на 15. место според распределбата на имотот (медијално богатство од 124.000 долари), што укажува на силна економска нееднаквост и концентрација на богатството кај најбогатите слоеви.

Луксембург, Австралија и Белгија се на врвот на листата според реалната распределба на богатството, додека Швајцарија, и покрај високата просечна вредност, паѓа на четвртото место според медијалното богатство (182.000 долари), што исто така ја открива големата разлика меѓу најбогатите и остатокот од населението.

Експертите нагласуваат дека медијалното богатство е пообјективен показател за економската состојба на граѓаните, за разлика од просечното, кое често е изобличено од екстремно богатите индивидуи.

Извор: Bizportal

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни