Швајцарија бара 700 волонтери за Евровизија

Организаторот на Изборот за песна на Евровизија во 2025 година, што ова година се одржува во Базел, Швајцарија, бара волонтери за да се обезбеди непречено одвивање на настанот во мај.

Портпаролката на градските власти рече дека во фаза на регрутирање се 700 волонтери и дека условот е да имаат над 18 години.

„Изборот за песна на Евровизија е посветен на различноста и инклузивноста, а тимот волонтери треба да го одрази тоа“, се наведува на официјалната веб-страница.

Заинтересираните можат да се пријават на онлајн платформата. Евровизија се одржува од 10-ти до 17-ти мај, а волонтерите мора да бидат достапни на организаторите најмалку 10 дена во периодот од 1-ви до 20-ти мај.

Успешните кандидати ќе добијат ексклузивен поглед зад сцената, пренесува швајцарската телевизија SRF.

Волонтерите ќе бидат во служба на меѓународните делегации, ќе ги пречекуваат навивачите и новинарите и ќе работат на информации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни