Ако сте авантрист и доколку не се плашите од змии, овој мистичен остров можете дури и да го посетите. Тој се наоѓа недалеку од Охрид, на Преспанското Езеро, каде со векови нема луѓе.
Поради специфичната флора и фауна, со текот на годините се создал посебен свет што не може да се види никаде на друго место во Европа. Голем Град, остров познат и како Змиски Остров во нашата држава е оддалечен само неколку километри од Грција и Албанија.

Познатиот патеписец од Босна и Херцеговина, Роберт Дачешин, вели дека освен змии, како што се отровниците, овој остворв е богато живеалиште и за други ретки растителни и животински видови.
„Исто така, крие некои историски важни археолошки остатоци и е вистинско богатство за истражувачи, биолози и авантуристи“, вели Дачешин.
Дачешин посетил многу познати и помалку познати европски и светски атракции, но, како што вели, пред некое време, неговото патување го однело на Голем Град, остров со големина од околу 20 хектари кој бил прогласен за природен резерват поради специфични геоморфолошки карактеристики.
Голем Град или Змиски Остров во Северна Македонија
Островот за посетители е отворен дури во 2008 година, а денес ја буди љубопитноста кај оние кои ги сакаат змиите и желките. Иако ситуацијата во меѓувреме се промени, Голем Град сè уште не е преполн.
Роберт Дачешин Дачешин вели дека до неодамна, само на биолозите им било дозволено да доаѓаат на островот. Денес, има околу 7.000 неотровни рибарски змии, 2.000 отровници (100 змии на хектар) и малку повеќе од 2.000 желки.
Со должина од само 750 метри и ширина од 450 метри, островот е опкружен од сите страни со карпи и пештери високи од 20 до 30 метри. Над нив е висорамнина со два рида на север и југ од островот. Таму може да се видат неколку урнатини и црква која е прогласена за споменик на културата.
Звучи навистина посебно, но дали би се осмелиле да го посетите ова место?