Ако некогаш сте биле збунети од терминологијата што ви е претставена на вешто украсеното мени на таблата во вашето локално кафуле, не сте сами. За просечниот човек кој нарачува обична шолја кафе, јазикот на баристите и љубителите на кафе, звучи исто онолку чудно колку и измислен јазик. Сепак за оние кои сакаат да ги прошират своите знаења, надвор од стандардната машина за правење кафе, би било добро да ги разберат поважните точки на подготовка, бидејќи тие се неопходни за добивање навистина одлична шолја кафе.
Никаде ова не е толку точно, колку во случајот со еспресото. Нивото на труд при подготовка на епсресо можеби не е правичо, со оглед на големината на самиот пијалок, но она што го добивате од вложениот труд има потенцијал да биде најдоброто кафе што некогаш сте го пиеле, под услов да бидете трпеливи во процесот на учење. Секој дел од процесот на правење еспресо е важен, од изборот на машина, до големина на мелењето на зрното кафе, до нивото на екстракција. Ако имате проблем да го приспособите еспресото по ваш вкус, неколку трикови би можеле да ви помогнат да го подобрите вашето кафе. Разбирањето на важноста на влажната доза е клучно, бидејќи влажната доза е таа што навистина го одредува квалитетот на еспресото што го подготвувате. Правилната машина и разбирањето на хемијата и односот во процесот на екстракција ќе ви помогнат да ви се укаже вистинската насока за бирање во вашето еспресо.
Што значи терминот влажна доза?

Дозирањето еспресо се дели на два дела. Ја имате вашата сува доза, која е тежината на вашето свежо мелено кафе, и вашата влажна доза, која е тежината на извлеченото еспресо. Поволно е да имате грамска вага во близина за да добиете точна мерка за двете дози. Убавината на бирањето на вашето еспресо врз основа на вкусот на влажната доза е тоа што не треба да бидете премногу скржави за големината на вашето мелење. Процесот на претворање на сувата доза во влажна доза се нарекува екстракција. Водата се состои од два атома на водород, кои имаат позитивен полнеж и еден атом на кислород, кој има негативен полнеж. Со загревање на водата за екстракција, молекулите на водата почнуваат да се движат побрзо и ја зголемуваат растворувачката способност на водата. Негативните и позитивните полнежи ги раздвојуваат молекулите во мелењето кафе, играјќи си со соединенијата и маслата за да ја трансформираат водата во кафе.
Додека нивото на печеност на зрното и големината на неговото мелење играат суштинска улога во развојот на вкусот, должината на примарната реакција помеѓу водата и зрната кафе е клучна за правилно добивање на влажната доза. На почетокот е тешко да се одреди правилниот сооднос, но за среќа постои полесен начин без многу да проценувате.
Соодносот на влажните дози може да се прилагоди според вашиот вкус

Постои едноставна равенка што се користи за да се пресмета соодносот: вашата влажна доза поделена со сувата доза, е еднакво на односот на варење. (Забележувате дека сите мерења на тежината за кафе се прават во грамови и треба да се пресметаат како такви). Главен пример за ова е соодносот на еспресо Heritage, во кое има влажна доза од 36,5 грама, сува доза од 18 грама, што ви дава принос од 2. Ова е класичен репер за еспресо со средна јачина. Поедноставена верзија на Heritage е соодносот 1:2. За секои 10 грама мелено кафе, целите кон влажна доза од 20 грама. Останувањето во рамките на овие соодноси ќе ви овозможи база на вкус врз која ќе можете понатаму да екпериментирате. Со вкусување на влажна доза може лесно да го одредите нивото на екстракција. Ова ќе ви каже дали треба да ја зголемите или намалите влажната доза. Во однос на вкусот, недоволниот принос е високо концентрирана течност со многу кисел вкус. Во овој случај, зголемете ја екстракцијата на влажна доза.
Од друга страна пак претераниот принос ќе биде воден, што значи дека треба да ја намалите екстракцијата на влажната доза. Се стремите да добиете некоја средина што му дава на еспресото слатко – киселкаст вкус.
Користете машина со пумпа, целосно автоматска или полуавтоматска машина

Секој кој што сака да има добра еспресо машина во својот дом, треба да биде подготвен да потроши над 100 долари за полупристојна домашна машина за еспресо и најмалку 500 долари за навистина добра. Вашиот избор е помеѓу машини со пумпа, целосно автоматски и полуавтоматски машини. Првата машина буквално сè прави за вас. Од мелење, па се до варење и мерење на кафето. Ова изгледа повеќе од примамливо за почетник. Сепак, имајте на ум дека автоматизираната машина целосно го контролира исходот и вкусот на вашето еспресо. Полуавтоматската машина за еспресо ви дава прилично голема автономија. Овие машини не доаѓаат со сопствени брусилки и не се опремени со тајмери, што значи дека можете да си играте со количината на екстракција додека не добиете влажна доза која совршено одговара на вашиор вкус.
ИЗВОР: TASTING TABLE