Што видовме и како си поминавме на Викендот на гордоста – Скопје 2024

На дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје имавме прилика да проследиме шест настани од различен карактер, секој на свој начин адресирајќи го тематот на овогодишното издание Останувајќи со нелагодноста. Тие ги истражуваа потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, непријатноста, – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Погледнете го видео записот од овогодишното издание на:

Фестивалската програма започна со предавањето на познатата феминистичка истражувачка и теоретичарка Сара Ахмед, насловено „Смарањето (Killing Joy) како квир проект“ и концертната промоција на новиот албум на триото СВЕТЛОСТ – „Everything Was As It Had Been a Minute Ago“, која се реализираше во соработка со дискографската куќа PMGJazz. Викендот на гордоста официјално се отвори со концерт на музичарот и перформер Mykki Blanco, настап во живот на RnB кралот DZIPSII, два настапи на локалните дрег уметници Tōkyō de Ville и Divon Jane и диџеј сет на перформанс артистката и истражувачка Ивана Драгшиќ.

Во рамки на перформативната програма на фестивалот се одржа соло танцовиот перформанс BATTY BWOY, во изведба на норвешко-јамајканскиот изведувач и кореограф Harald Beharie и танцовиот дует LOUNGEво изведба на Marga Alfeirão, Mariana Benenge, Myriam Lucas и Shaka Lion. Викендот на гордоста се затвори традиционално со вечерта на раскажување квир приказни – СРАМОТА!, модерирана од Румена Буџаровска и Катерина Попова.  

Им благодариме на сите што нѐ поддржаа во кој било капацитет, и на сите уметници кои го споделија својот свет со нас.

Посебна благодарност до: Сара Ахмед, Душица Лазова, СВЕТЛОСТ, Мики Блканко, DZIPSII, Ивана Драгшиќ, Токио, Дивон Џејн, Харалд Бехари, Марга Алферијао, Маријана Беенге, ПичПрич и Христина Иваноска и благодарност до нашите партнери и достапни локации: Медуза, Тиииит.Инк., ПичПрич, ТрансФормА, Локомотива, ПМГ Џез, МКЦ Скопје, МСУ Скопје и Станица 26.

Фестивалот беше куриран од Славчо Димитров, а е во организација на Стефан Богески, Љубомир Фаизов, Мања Величковска, Наталија Видинска Атанасов, Јован Јосифовски и Грација Атанасовска.

Организаторите Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка беа несебично поддржани од: Heinrich Böll Stiftung, Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондацијата Фридрих Еберт, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација отворено општество Македонија, Француска амбасада во Северна Македонија и International Trans Fund – ITF.

Фестивалскиот зборник, во рамки на кој се преведоа клучни квир и феминистички текстови од Сара Ахмед, Дона Харавеј и Лорен Берлан, останува достапен онлајн на следниов линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни