Што троши помалку гориво, вклучена клима или отворени прозори?

Со доаѓањето на летото и високите температури, возачите се соочени со дилема за како поефикасно и поевтино да го изладат својот автомобил – дали да се отворат прозорците и да се ужива во ветерот или да се пушти климата? Кое од овие две решенија е подобро за потрошувачката на гориво?

Возењето со вклучена клима ја зголемува потрошувачката на моторот и возилото изминува помалку километри со истата потрошувачка без вклучена клима. Ова важи и за возилата со мотори со внатрешно согорување и за електричните возила. Но и отворањето на прозоците може негативно да влијае врз потрошувачката, со оглед на тоа што се зголемува отпорот на воздухот.

Со отворени прозорци, воздухот што обично би проструил над возилото сега оди во автомобилот. Ова создава отпор познат како „влечење“.

Автомобилите се дизајнирани да бидат аеродинамично, со што се намалува отпорот на воздухот. Доколку возухот лесно прострујува по надворешниот дел на возилото, тоа значи дека возилото користи помалку енергија за да го „пресече“. Повеќе „влечење“ значи дека вашето возило треба да користи повеќе сила за да се движи нанапред.

Климата е едноставно дополнителна компонента (воздушен компресор) во возилото на која и е потребна енергија за да функционира. Горивото е примарен извор на енергија во возилото. Сè што правите – дури и полнењето на телефон – користи повеќе од горивото. Затоа, кога е вклучена климата, вашето возило троши повеќе гориво.

Постојат голем број студии за потрошувачката на горивото со отворени прозорци наспроти климатизација. Се се сведува на тоа дали возилото троши повеќе гориво за да го надмине отпорот на воздухот отколку за да работи со клима уредот.

Консензусот на речиси сите студии е дека возењето со спуштени прозорци е поефикасно при помали брзини, или т.н. „возење во град“. Ова значи возење по патишта што не се автопат, застанување на семафори, чести промени на правец итн.

Ова повторно има врска со отпорот на воздухот. Кога возите со помали брзини, севкупно има помал отпор на воздухот. Аеродинамиката не е толку важна. Исклучувањето работи што трошат повеќе – како климатизацијата – ќе има подиректно влијание врз потрошувачката на горивото.

Бидејќи возилата се толку различни, не постои одредена брзина што може да се каже како идеално. Студиите генерално покажуваат дека е подобро за потрошувачката на горивото да се вози со отворени прозори доколку возите под 60 километри на час. Помеѓу 60-100 километри на час е сива зона и зависи од возило до возило.

Од друга страна, при поголеми брзини, поекономично е да се вози со вклучена клима. Ова е кога отпорот на воздухот почнува да игра поголема улога. Потребна е повеќе моќ за да се надмине отпорот отколку да се напојува клима уредот. Повторно, не постои совршен праг на брзина што важи за секое возило. Добро правило е да користите клима кога сте на автопат – или брзини над 110 километри на час.

Краток одговор: отворете ги прозорците кога возите низ град и вклучете ја климата кога сте на автопат.

Извор: How-To Geek

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни