Доминантната варијанта на COVID-19 која во моментов доминира во Германија е наречена „Франкенштајн“.
Секоја година во Европа циркулираат нови варијанти на вирусот што предизвикува COVID-19. Во Германија, сега доминира варијантата XFG, која во медиумите често е наречена како „варијанта на Франкенштајн“. Тие наведуваат дека „Франкенштајн“ го таканаречениот симптом „ грло како жилет“, пропратен со типични симптоми на коронавирус.
Оваа варијанта го носи научното име XFG, а се нарекува и варијанта „Stratus“. Во Германија и други европски земји, XFG е сè подоминантен од средината на 2025 година. Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) го сметаат XFG за „варијанта под мониторинг“ (VUM), што значи дека здравствените службеници внимателно го следат, но сè уште велат дека нема причина за загриженост. Инфекциите со COVID-19 се зголемени низ цела Европа, иако според најновите податоци на ECDC, во повеќето земји случаите на забоелни се намалени.
Посебните карактеристики на варијантата „Франкенштајн“?
XFG е рекомбинација – мешавина од двете претходни вирусни подлинии LF.7 и LP.8.1.2. Слично на чудовиштето Франкенштајн, кое беше составено од различни делови од телото, XFG претставува комбинација од различни вирусни линии. Нормално е вирусите да мутираат и да се менуваат со текот на времето. Терминот „Франкенштајн“ првпат беше употребен за да се опишат подваријантите на коронавирусот, откако варијантата Омикрон, кон крајот на 2021 година се прошири во Јужна Африка. СЗО и Институтот Роберт Кох (RKI) моментално го класифицираат ризикот од XFG како низок.
Нема јасни докази дали „чувството на жилет“ во грлото всушност се јавува почесто со XFG. Симптомите како што се силна болка во грлото и засипнатост не се специфични за варијантите на COVID-19. Тие можат да се појават и кај други респираторни инфекции. Скоро е невозможно со сигурност да се направи разлика помеѓу COVID-19 и, на пример, грип само врз основа на симптомите.