Трчањето станува сепопуларен спорт, бидејќи најчесто не бара посебна опрема и е достапено за сите. Некои трчаат од забава, некои за да си ги исчистат мислите, но некои се одлучуваат да трчаат за да останат во форма или да изгубат некој килограм.
Тоа претствува кардиоваскуларен тренинг, што значи дека ја забрзува работата на срцето на подолг период. Со трчањето може да согорите до 671 калорија во 30 минути, доколку ги постигнете оптималните услови.
Трчањето исто така е и аеробичка вежба. Тоа значи дека при трчањето на телото му е потребен повеќе кислород. Оваа активност го стимулира вашиот респираторен систем и ве прави да дишете подлабоко и побрзо. Одговорот на телото на зголемената оксидација е да ги прошири вашите крвни садови, за да може повеќе кислород да стигне до мускулите.
Вежбите како трчањето, кое што влијае и врз дишењето и кардиоваскуларниот систем нудат многу физчки и ментални предности, од кои една е контролата на тежината. Постојат научни докази дека околу три часа кардио вежби неделно може да ви помогнат да ја одржувате телесната тежина.
Науката позади трчањето како метод за слабеење е покомплексна од само редовна физичка активност. Доколку сакате да видите позитивни резултати во губењето на тежина, мора да постигнете и дефицит на калории, односно да трошите повеќе калории од што консумирате.
Како функционираат калориите?
Кога јадете или пиете, добивате енергија од тоа што го консумирате, оваа енергија е позната како калории. Вашата потрошувачка на калории, односно бројот на калории што ги трошите секој ден се делат на три важни делови:
Активна енергија – Ова се калории што го согорувате кога се движите. Не е важно дали вежбате или не. Вие трошите калории кога возите, кога средувате по дома или кога се туширате.
Енергија која се троши во мирување – Ова се калори што вашето тело ги троши за основните функции. Вие трошите калории и кога дишете или кога вашата крв циркулира низ телото.
Термичка енергија на храната – Ова се калории што ги трошите додека ја варите или апсорбирате храната.
Трчањето троши многу повеќе калории од пешачњето. Истражувањата покажуваат дека колку е поинтензивна вежбата, толку повеќе енергија трошите. Сепак, резултатите влијаат од повеќе фактори како што е вашата возраст, полот, висината и тежината.
Што да јадам ако сакам да губам тежина со трчање?
Постојат различни диети со кои може да ја добиете потребната количина на калории за вашиот организам да функционира оптимално, а сепак да имате дефицит поради вашата физичка активност. Помеѓу храните кои имаат доволно нутритивни вредности и може да ви помогнат во тоа се и:
Јајца – Јајцата се богати со протеини, минерали, витамини и здрави масти. Јајцата се фантастичен избор за доручек за луѓето кои трчаат и кои сакаат да ја намалат тежината, но истовремено и да имаат доволно енергија за нивните активности.
Цвекло – Цвеклото е одличен извор на влакна. Јадењето цвекло ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време, што ќе ви ја намали желбата за јадење со цел да го избегнете „мезењето“ нездрава храна. Овој зеленчук исто така има и високи количини на нитрати, кои му помагаат на кардиоваскуларниот систем да биде во одлична форма. Цвеклото исто така ќе ви помогне и да го намалите заморот од трчањето.
Хумус – Наутот во вашиот хумус е одличен извор на протеини со многу ниска калорична вредност. Околу 100 грама хумус содржат 8 грама протеини. Свежиот зеленчук натопен во намаз од хумус е нискокалорична закуска која ќе помогне да се намали воспалението.
Извор: WebMD