Што се случува со планината после лавина?

Разурнувачката сила на снежната лавина може темелно да ја промени структурата на планината. Но можеме ли да се искористи оваа моќ без притоа да биде загрозена човековата безбедност?

Секој кој ја имал можноста да се движи по планина во зимски услови, пробивајќи се низ снежните наноси, знае какво е тоа чувство. Во тие моменти не размислувате за ништо друго освен да не се соочите со бура или пак да не ве зафати лавина. Ризикот да се соочите со низа непријатности додека сте на планина е секогаш присутен, особено во зима.

Секоја година, само во Европа околу 100 луѓе ги губат своите животи во снежните лавини, додека во САД бројките се помали. Таму на годишно ниво просечно загинуваат 24 луѓе. Токму затоа справувањето со ризиците од движење по планини е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат планинарите од ширум светот.

Деструктивната сила на лавина, исто така, има големо влијание врз биодиверзитетот во планините. Истражувањето на Карел Черни, зоолог и ентомолог од Инсбрук, и неговите колеги во Северен Тирол, Австрија, покажа дека природните траги од лавина, местата на кои се случува лавината најчесто се преобразуваат во локации на кои подоцна растат разни видови на печурки. Тие во своето истражување дошле до заклучок дека на Алпите најдобрите патеки на кои можат да се најдат печурки се на сончевите падини, односно на местата на кои некогаш се случила лавина.

Бројни истражувања направени во Швајцарија покажуваат дека на местата од планините на кои се случуваат лавините изобилуваат со богата растителна разновидност.

Истражувачот Серни во своите анализи се фокусирал на прашањето, дали постои начин да се искористат придобивките од снежните лавини со цел да се подобри флората, без притоа да се загрози безбедноста на луѓето.

Влијанието на лавините врз биолошката разновидност доаѓа од природната структура на планината. Тоа зависи од фактот колку густо е населена областа со растенија, грмушки и дрва. Кога се случува лавина голем дел од областите на планината станува пасишта богати со разновидни растителни видови. Но планинските области зафатени од лавини се менуваат и структурни. Тоа во голема мера влијае и како ќе изгледаат живеалиштата на животните.

Иако заштитата на човековата безбедност е приоритет при неповолни временски услови на Алпите како и на секоја друга планина, но дали може да се влијае на одредени природни појави? Во многу планински региони, постојат т.н снежни мостоиви или бариери кои имаат за цел целосно да ги запрат лавините кои се вообичаени.

„Класичните снежни мостови се нецелосно функционални“, вели Церни. „Биолошката разновидност на растенијата и животните наскоро може да исчезне во просторот каде се поставени бариерите“.

Тимот на истражувачи продолжува да работи на решенија со кои ќе се спречат наглите и силни лавини, а од друга страна ќе се спречи загрозувањето на растителниот и животинскиот свет.

„Најдобрата можност е изградбата на „галерии“ и со нив ќе може да се апсорбира ефектот од лавините“, вели Черни. „Не станува збор за спротивставување на биолошката разновидност, наспроти човековата безбедност“, смета Церни

Извор: bbc.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни