Емоции
Кучињата се исклучително чувствителни на човечките емоции бидејќи препознаваат промени во тонот на гласот, јазикот на телото и мирисот. Ако сопственикот дојде дома со насмевка, кучето со задоволство ќе замавне со опашката. Но, ако личноста влезе тивко и избегнува контакт, кучето ќе ја забележи промената и ќе се повлече, објаснува за PetMD професионалниот тренер на кучиња Ерика Леса.
Бременост
Иако не постојат научни докази дека кучињата можат да забележат бременост, многу сопственици забележуваат промени во однесувањето на нивните миленици за време на бременоста. Бидејќи кучињата можат да ги почувствуваат хормоните и феромонитр, многу е веројатно дека ќе препознаат суптилни промени во телото на бремената жена.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/1000045741.jpg)
Страв
Кучињата инстинктивно го препознаваат стравот кај луѓето преку мирис, говор на телото и изрази на лицето и можат да го рефлектираат. Едно истражување ги испитувало реакциите на кучињата откако биле изложени на мирисот на потта на среќна и исплашена личност. Кучињата покажале повеќе социјални однесувања по „среќниот“ примерок, додека по мирисот на исплашената личност повеќе биле наклонети да избегнуваат контакт.
Негативни луѓе
Негативноста е повеќе став отколку емоција, така што може да има помало влијание врз кучињата. Но, ако негативноста предизвикува стрес и вознемиреност кај личноста, тогаш емоциите можат да влијаат на кучето. Емоционално непредвидливите луѓе испраќаат хемиски сигнали што кучињата можат да ги почувствуваат, што им помага да препознаат потенцијално небезбедни ситуации, објаснува Леса.
Болест
Кучињата се познати по нивната способност да откриваат болести со мирис. Најголемиот показател за болеста е обично промената на мирисот на телото. Кучињата можат да откријат метаболички промени во нашиот здив и кожа. Најновите студии покажаа дека кучињата успешно го препознале СОВИД-19 во 94 проценти од случаите.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/1000045743.jpg)
Рак и дијабетес
Истражувањата покажуваат дека кучињата можат да откријат рак и дијабетес преку мирис, препознавање на заболеното ткиво и хипогликемија кај дијабетичарите. Тие се особено чувствителни на меланом – некои кучиња инстинктивно ја мирисаат истата точка на кожата на сопственикот, кој подоцна добива дијагноза.
Временските промени
Бурите го менуваат атмосферскиот притисок и електростатското полнење, а падот на притисокот ги задржува мирисите поблиску до земјата, дозволувајќи им на кучињата да ги почувствуваат временските промени.