Што се крие зад „Последниот танц“ на Драган Б. Костиќ?

На 29 ноември, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе се одржи „Последниот танц“ на легендарниот Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од неговата култна емисија „Диско селектор“.

Драган Б. Костиќ, легендарниот водител на радио-емисиите „Диско селектор” и „Заборави ако можеш”, на денешната прес конференција пред претстојниот настан на 29 ноември во СРЦ Јане Сандански, сподели незаборавни приказни од својата 50-годишна кариера.

Тој вети дека ќе направи одлична журка за сите генерации, при што на почетокот на настанот ќе ја замоли публиката да се одржи во ретро стил и да избегне користење на телефони. Во своето обраќање, Костиќ изрази разочараност што, и покрај својата 35-годишна кариера како радио водител, ниту еден колега не го повикал за интервју. „Не ме повикале, а можеле да научат нешто од мене“, рече тој.

Тој исто така истакна дека емисијата „Диско селектор”, која има 50-годишна традиција, нема никаков запис во МРТВ. „Не ќе ми верувате, ниедна емисија не постои. Јас ќе си заминам еден ден, и нема да има никаков траг“, додаде Костиќ.На прес конференцијата, Костиќ најави дека овој последен сценски танц е симболичен настан за Денот на поранешната голема Република и дека ќе биде незаборавен момент за сите негови обожаватели. „Ќе има разлика од претходните журки, ќе видат оние што ќе дојдат“, увери тој.

Драган Б. Костиќ е познат новинар и водител, со над 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон. Како диџеј, организирал преку 2.000 настани и имал големо влијание на музичкото и културно образование на повеќе од пет генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни