Синоќа се одржаа 96-тото доделување на Оскарите, каде Опенхајмер ја одбрани конкуренцијата, а на доделувањето не недостигше и храна. За јадењата беа задолжени австриско-американскиот готвач Волфганг Пак, кому ова му е 30-ти пат да готви за Оскарите и готвачот Елиот Гровер по втор пат.
Менито задоволуваше различни преференци во исхраната, вегански, вегетаријански и невегетаријански, а готвачите подготвуваа широк спектар на јадења, од десерти до месни деликатеси. Ако некогаш сте се запрашале што се јаде на Оскарите, дознајте во продолжение.
Салати за почеток, широк избор на главни јадења
Од предјадења се послужија супа од рак, лигњи, печена туна, бурата, коктел од ракчиња и остриги од Рокфелер, како и четири вида салата – Цезар, Оскар, специјална салата на кетерингот што го подготви банкетот и салата од цвекло. Салатата „Оскар“ беше најпопуларна, која се состоеше од црвен кромид, мешан зеленчук, винегрет од јавор, домат, козјо сирење и захаросани пекани.
Покрај салатите, на менито се најдоа и тестенини – фетучине Алфредо, тестенини со пилешко и пармезан, пене ала вотка и џамбалаја. Меѓу другите јадења, готвачите послужија лосос, џамбо ракчиња, свински котлет, рижото од зеленчук, филети од месо, разни стекови и популарната торта со ракови.
Позлатени чоколадни Оскар фигурини
На менито имаше и широк спектар на придружни јадења, вклучувајќи пире од компири, спанаќ, печени моркови, салати, бриселско зелје, како и помфрит. Познатите личности уживаа и во деликатесите од готвачот Волфганг Пак, како што се макарони и сирење и тартуфи и пита со пилешко и тартуфи. Покрај тоа, готвачот подготви и позлатени чоколадни фигурини Оскар.
Но, тоа не е се. Секоја позната личност можеше да најде кутија за ужина во која се наоѓаа бонбоните на Мајк и Ајк, ѓеврече на Шапи со сенф и шише вода на своето место во театарот Долби, каде што се одржуваа наградите.
Извор: index.hr