Што родителите може да направат за да ја развијат емпатијата кај децата?

Развивањето на емпатијата кај децата е важно за нивната емоционална и социјална адаптација.

Психијатарот и психоаналитичар д-р Хрвоје Хендл истакна дека постојат различни фактори кои можат да влијаат на развојот на емпатијата, а родителскиот пристап има клучна улога во овој процес, пренесува ХРТ.

Д-р Хендл истакнува дека децата учат емпатија гледајќи ги своите родители. Ако родителите се сочувствителни, децата ќе ги усвојат овие модели на однесување.

„Децата учат емпатија гледајќи ги своите родители. Ако вашите родители се сочувствителни, а детето седи на маса и ја гледа мајка си како разговара со пријателката и сочувствува со неа, сè му е јасно и тоа го учи“, објаснува д-р Хендл. Затоа е важно родителите со пример да покажат дека искрено се грижат за чувствата на другите.

Важно е родителите да не им кажуваат само на децата како треба да се однесуваат, туку да им покажат преку сопственото однесување.

„Децата не се воспитуваат само ако им се кажува како да се однесуваат, туку вие треба така да се однесувате“, вели д-р Хендл.

Наместо само да даваат упатства, родителите треба да го дадат вистинскиот пример. Затоа, немојте да им кажувате да се однесуваат така, а потоа вие да го правите спротивното.

Наместо тоа, однесувајте се така како што сакате и вашите деца да се однесуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни