Консумацијата на марихуана помеѓу младите станува сепоприсутна тема во нашите општества. Додека едни се залагаат за легализација и регулација, други предупредуваат за можните последици по здравјето и развојот на младите.
Една од клучните причини за порастот на консумацијата на марихуаната помеѓу младите е променетата перцепција за неа. Некогаш стигматизирана и сметана за опасна, марихуаната денес ужива се поголема прифатеност, особено меѓу младите. Медиумите, популарната култура и социјалните мрежи придонесуваат за создавање слика за марихуаната како безопасно средство за рекреација.
Легализацијата на марихуаната во многу држави, особено во САД и Канада, дополнително влијае на перцепцијата кај младите низ светот. Гледајќи ги примерите од другите држави, многу млади започнуваат да експериментираат.
Марихуаната е исто така се подостапна, како на црниот пазар, така и преку онлајн пазарите. Оваа достапност се чини како лесно достапна опција за млади кои сакаат да експериментираат или да се вклопат во друштвото. Продажбата преку социјалните мрежи и апликации дополнително ја олеснува набавката, што претставува сериозен предизвик за надлежните институции.
Притисокот од врсниците и влијанието на социјалните мрежи играат клучна улога во ширењето на популарноста на марихуаната. Младите често сакаат да бидат дел од групата и да ги следат трендовите кои ги гледаат кад своите пријатели или популарните инфлуенсери. Фотографиите и видеата од консумација на марихуана на социјалните мрежи ја нормализираат оваа пракса и поттикнуваат љубопитност помеѓу младите.
Се поголемата популарност отвора потреба од креирање на едукација за марихуаната и вистинските последици и ефекти од нејзиното користење. Училиштата, родителите и заедницата мора да работат заедно за младите да имаат вистински информации за ризиците, со јазик кој тие ќе го разберат.