Ако им се верува на Нострадамус и Баба Ванѓа ќе имаме тешка 2025 година

Францускиот астролог Мишел де Нострадамус, познат како Нострадамус, ја напишал книгата Les Prophéties во 1555 година во која ги претставил своите предвидувања за иднината, додека Баба Ванѓа, родена во Струмица, користела помистични методи за да ја предвиди иднината.

Многумина велат дека нивните предвидувања се оствариле во минатото, набројувајќи примери и толкувајќи ги нивните текстови, поради што редовно се објавуваат нивните предвидувања, што толкувачите на нивните текстови сметаат дека ќе се случат во периодот во кој живееме.

Нострадамус напишал дека „црвениот противник ќе пребледе од страв, ставајќи го стравот во големиот океан“. Некои веруваат дека „црвениот противник“ би можела да биде Кина, додека „големиот океан“ сугерира дека борбите би можеле да се одржат на море, можеби во Индискиот Океан.

Британскиот автор и коментатор на Нострадамус, Марио Ридинг веќе зборуваше за тоа како францускиот астролог можеби ја предвидел смртта на кралицата Елизабета Втора. Нострадамус напишал дека „кралот на островот ќе биде избркан со сила / Заменет со оној кој нема да има белег на крал“.

Во анализата на Ридинг, ова укажува на абдицирање на кралот Чарлс III поради „упорните напади врз него и неговата втора сопруга“, и ќе биде заменет од Хари, наместо Вилијам, како човек „без белег на крал“.

Климатскиот хаос веќе започна со сè почести пожари, поплави и суши ширум светот во последните години, особено во 2023 година. Интересно е како изгледа дека Нострадамус ги предвидувал овие апокалиптични настани пред неколку векови.

„Сувото ќе стане уште посуво и ќе има големи поплави“, напиша тој. Тој, исто така, предупреди на бури што ќе доведат до глад и „многу голем глад преку бран чума“.

Нострадамус ја предвидел и смртта на папата Франциско. „Со смртта на еден многу стар папа ќе се избере Римјанин во години. Ќе се каже дека е слаб, но ќе седи таму долго“, напишал Нострадамус.

Кога станува збор за предвидувањата за 2025 година, Нострадамус предупреди дека „оние од земјите на Европа“ ќе се вплеткаат во „сурови војни“ во одреден момент во 2025 година. Тој исто така предупреди: „Древната чума ќе биде полоша од непријателите“.

Слични, мрачни предупредувања како Нострадамус има и Баба Ванѓа, според која исто така во 2025 година нема многу да се радуваме.

И двајцата сметаат анархија ќе избие во одреден момент следната година, а Европа ќе биде центарот на случувањата.

Ванѓа предупредува дека настаните од 2025 година на крајот би можеле да предизвикаат глобална апокалипса. Еден од настаните што таа ги опиша беше конфликт што треба да избие на континентална Европа. Таа веруваше дека ќе избие нова војна во 2025 година меѓу две земји, но последиците ќе се чувствуваат низ целиот свет.

Оваа вознемирувачка вест е само дел од она што може да не чека следната година. Баба Ванѓа исто така сугерираше дека Земјата ќе биде посетена од вонземјани и телепатијата ќе се усоврши. Нострадамус, од друга страна, веруваше дека конфликтот меѓу Русија и Украина може да заврши во 2025 година, поради „исцрпеноста“ на двете армии. Тој, исто така, предвиде дека Бразил ќе биде потресен од вулканска активност и смртоносни поплави.

Сепак, ваквите предвидувања се далеку од правилно прераскажување на иднината, иако луѓето кои ги толкуваат и промовираат тврдат дека и двајцата во минатото успеале да предвидат одредени историски настани.

Критичарите сепак сугерираат дека нивните предвидувања и начинот на кој што пишуваат е премногу општ, поради што се остава простор за различно толкување, откако некој настан ќе се случи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни