Што прави Деми Мур кога на 62 години изгледа подобро од било кога? Одговорот е поедноставен отколку што мислите

Деновиве поранешната сопруга на Бруса Вилис повторно е во центарот на вниманието. Во блокбастерот „The Substance“, таа се истакнува во секоја смисла, најмногу со својата глума, која барем во овој филм е навистина за Оскар.

Сепак најмногу се коментира изгледот на Деми Мур, бидејќи никогаш не бил подобар. Уавата актерка во ноември го слави својот 62 роденден, а се чини дека е барем 30 години помлада.

Ја засакавме уште од деведесетите, не само затоа што беше во брак со холивудска суперѕвезда, Брус Вилилс, туку и поради нејзините незаборавни улоги во филмовите „Дух“ и „Непристоен предлог“.

Таа на јавноста и откри дека имала безброј подеми и падови во животот и кариерата, дека се соочувала со пороци и здравствени проблеми, но очигледно е дека тоа не влијае врз нејзината линија, секогаш била иста. Совршена. Денес е најсовршена, а веќе влезе во седмата деценија.


Во фокусот нема да биде лицето, бидејќи многумина тврдат дека сигурно таму „нешто се направило“ и дека малку и помогнале естетските хирурзи.

Овојпат јавноста се интересира за пропорциите на телото, кои се најблиску до идеалните.

Изгледот на Деми Мур е резултат на комбинација на физички активности и здрава храна. Таа придава големо значење на вежбањето, практикува јога и следи веганска исхрана.

Според нејзиното сопствено признание, таа вежбала опсесивно во претходните години, а потоа престанала да се напрега и сега практикува полесни тренинзи и пилатес, често во друштво на една од нејзините ќерки.

Рекла дека повеќе не се грижи за тоа дали има некој килограм вишок и дека не и е тешко кога ќе и кажат дека треба да ослабе за одредена улога. Таа еднаш таа забелешка ја сметаше за „понижувачка и непријатна“.

Актерката следи сурова веганска исхрана, која вклучува многу овошје, зеленчук и житарки.

Овој режим е доста популарен во Холивуд, но нутриционистите предупредуваат дека треба да се внимава бидејќи налага храната да се јаде целосно сирова или да се загрева на температура до 48 степени.

Тие наведуваат и дека треба да се практикува подолго време само доколку содржи се што му е потребно на организмот – витамини, минерали и други важни хранливи материи. Но, Деми изгледа одлично, нели?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни