Што откриваат тајните пораки на американскиот државен врв: ,,Мразам што повторно мораме да помагаме на Европа“

Мразам што повторно мораме да помагаме на Европа“, говорејќи за европската зависност од трговијата во Црвеното Море.

Откритието дека високи функционери за национална безбедност на САД случајно споделиле воени планови со новинар преку апликацијата Signal го шокирало Вашингтон, дури и пред јавноста да дознае што се наоѓа во нив.

Размената на пораки, која ја организирал советникот за национална безбедност Мајк Волц, а која случајно го вклучила Џефри Голдберг, главниот уредник на магазинот The Atlantic, ги открило размислувања на администрацијата на Доналд Трамп за тоа дали треба да се бомбардираат Хути, милитанти со седиште во Јемен, кои напаѓале трговски бродови во Црвеното Море.


Меѓутоа, пораките откриле и несогласувања во најтесниот круг на Трамп, кои ретко се изнесуваат во јавноста, како и односот кон доверливите информации.

Ова се петте најголеми откритија кои ги објави порталот Politico.

Потпретседателот Џеј Ди Ванс се противел на бомбардирањето на Хутите. Тој изразил сомнеж во однос на спроведување на бомбардирањето на јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран и сметал дека бомбардирањето на Хутите ќе биде грешка, нагласувајќи дека Европа повеќе зависи од трговијата во Црвеното Море отколку САД.

„Правиме грешка. Три проценти од американската трговија минува преку Суецкиот канал, а 40 проценти од европската трговија го прави тоа“, истакнувајќи дека постои реален ризик дека јавноста нема да ја разбере потребата од таква акција.

Потпретседателот сметал дека Трамп не ја разбира ситуацијата.

Џеј Ди Ванс изразил загриженост дека претседателот на САД Доналд Трамп не е целосно свесен за значењето и пораката од бомбардирањето на Хутите, посебно во однос на Европа. Тој се сомневал дека претседателот не е свесен колку таквиот потег би бил во контраст со неговата порака за Европа.

Ванс предупредил дека нападите можат да ја зголемат цената на нафтата, велејќи:

„Постои дополнителен ризик да видиме умерено до сериозно зголемување на цените на нафтата.“

Лидерите за национална безбедност лесно ги делеле доверливите информации.

Шефот на ЦИА, Џон Ретклиф, или некој од неговиот тим користејќи го неговото име, споделил информации во Signal чатот кои Голдберг не сакал да ги објави, бидејќи тие можеле да бидат интерпретирани како поврзани со актуелни разузнавачки операции.Исто така, секретарот за одбрана, Пит Хегсет, споделил оперативни детали за претсојни удари врз Јемен, вклучувајќи информации за целите, оружјето што ќе го користат САД и редоследот на нападите.

Администрацијата има негативни чувства кон Европа.

Потпретседателот на САД и секретарот за одбрана, Пит Хегсет, јасно го изразиле своето незадоволство во однос на европските сојузници. Ванс рекол:

„Мразам што повторно мораме да помагаме на Европа“, говорејќи за европската зависност од трговијата во Црвеното Море.

Шефот на Пентагон му одговорил: „Целосно го делам твоето гадење кон европското бесплатно уживање. Тоа е патетично.“

Signal чатот открил исто така прилично опуштен и неформален пристап кон водење на разговорите за воени акции. По почетните успешни бомбардирања, советникот за национална безбедност Мајк Волц одговорил со сет на емотикони: американска знаме и оган.

Државниот секретар Марко Рубио и шефот на кабинета на Белата куќа, Сузи Вајлс, изразиле поддршка со пораки на одобрување.

Стив Виткоф, специјален изасланик за Блискиот исток, додал повеќе емотикони, вклучувајќи две раце во молитва, истегнување на бицепсот и две американски знамиња. Дури

и потпретседателот Ванс, реагирал на ажурирањата за бомбите: „Ќе се молам за победа“, со неколку емотикони за молитва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни