Што открива вашиот избор на европска дестинација за одмор?

Летувањето во Европа одамна престана да биде само одмор – тоа е изјава за стилот, личноста и (да признаеме) за Instagram. Од St. Tropez до Ibica, изборот на локација може да каже многу за вас – понекогаш и повеќе отколку што мислите.

St. Tropez – Перформативен луксуз

Ако летово одите во St. Tropez, веројатно веќе го имате спакувано секое аутфит по редослед и знаете во кој час е совршено светлото за фотографија на зајдисонце. Вашиот Instagram изгледа како мини модна кампања, а летувањето е шанса да се видите – и да ве видат.

Dolomiti – Планини на хартија, spa во реалноста

Dolomiti звучат како авантура за љубители на планинарење, но ако вистината е дека повеќе време поминувате во луксузен spa со поглед кон врвовите – не сте сами. Вашиот „активен одмор“ повеќе личи на zen-retreat, и тоа е сосема во ред.

Mikonos – Вечна журка

Ако сте под 30 години и изразот „yacht daddy“ ви звучи како нормална идеја – Mikonos е вашата адреса. Денот го минувате на плажа со кристално чиста вода, ноќта во клубови до зори. Ако сте постари, Mikonos е вашата шанса да докажете дека годините навистина се само број.

Patmos – Уметничко бегство

Остров за филозофи, уметници и оние во потрага по мир. Идеалниот план: вино, книги, инспиративни разговори на зајдисонце. Реалноста: силен ветер на палубата, премногу куфери и случајни разговори со потполни странци – сè уште романтично, само малку похаотично.

Ibica – Boho луксуз

Доаѓате во потрага по духовен мир, јога и здрав живот, но завршувате во приватна вила со DJ и „детокс“ смути за 15 евра. На Ibica, дури и медитацијата има glam верзија и цена што оди со тоа.

Kapri – TikTok фантазија

Kapri е рај за очи и стапица за камери. Совршен кадар има на секој агол, но исто така и редица туристи кои го бараат истиот кадар. Додека се обидувате да ја фатите совршената фотографија, реалноста ве потсетува дека ова магично место не е само ваше.

Без разлика дали ловите тивки заливи или неонски светла, вашиот избор на европска дестинација за одмор кажува многу за вас. Следниот пат можеби ќе изберете место не за Instagram – туку само за себе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни