10 најчести вируси кај луѓето: Од обична настинка до херпес

Живееме со вируси секојдневно – од грип и COVID-19 до HPV и херпес. Откријте кои се најчестите вируси денес, како се шират и што можете да направите за заштита. Информирајте се – превенцијата започнува со знаење.

Живееме во свет каде вирусите не се само сезонски посетители – тие се наши тивки „станари“. Некои ќе нè прележат во два дена, некои ќе останат со години, а други – без симптоми – ќе бидат незабележливи, но не и безопасни. Погледнете кои се 10-те најраспространети вируси денес, и што треба да знаете за нив.

Првата група е позната: обична настинка и грип. Риновирусите се одговорни за повеќето настинки, и се речиси невозможни за избегнување и во просечен човек ги „фаќа“ 2 до 4 пати годишно. Од 5 до15% од светската популација се заразува годишно а бројката на смртни случаи достигнува до 650.000. Во Македонија околу 46% од населението е позитивно на грип но 44% се без симптоми. Грипот, со своите постојани мутации, продолжува да кружи секоја зима. Иако вакцината не е совршена, таа го намалува ризикот од тешки форми.

COVID-19 веќе не е пандемиски „ѕвер“, но сè уште циркулира, со нови подваријанти кои лесно се шират. Меѓу 2024 и 2025 година имало 161.000 нови случаи, од кои 3300 смртни Не е лошо да се задржат навиките од времето на пандемијата – миење раце, проветрување, одговорност кон другите.

Во посериозната лига се вирусите што живеат во телото со години. Херпес симплекс вирусите (тип 1 и 2) се чести, особено во форма на орални или генитални рани. Во светот, околу 6 од населението има HSV-1, и 13% HSV-2. Во Македонија, според регионалните проценки, околу 70–80% имаат HSV‑1 и околу 10 до 15% HSV‑2. Не се опасни за живот, но можат да се реактивираат во стресни периоди и се носат со себе засекогаш.

ХПВ – хуманиот папилома вирус е тивок патник што ретко дава симптоми, но може да доведе до рак на грлото на матката, анусот и други органи. Над 500 милиони наслението го имаат овој вирус и речиси 80% од луѓето ќе се заразат со овој вирус низ животот. Во земјава просечно 170 нови случаи годишно се регистрираат од карцином на грлото, директно поврзан со овој вирус и  околу 66 смртни случаи, што е околу 9.2 случаи на 100 000 жени и 2.9 смртни на 100 000 жени. Овие стапки ја ставаат македонската инциденца многу повисоко од целта на СЗО за „елиминација“ (под 4 случаи на 100 000 жени).

Добра вест е што има бесплатна вакцина од 2009 која е особено ефикасна ако се прима пред сексуалниот живот.

Хепатитис Б и Ц се сериозни – особено затоа што често се развиваат тивко, без симптоми, додека не настане штета врз црниот дроб. Рутински тестирања, особено кај луѓе кои примиле крв или користеле заеднички игли, се клучни. Од 250 до 290 милиони луѓе во светот боледуваат од Хепатит Б. Во Македонија се регистрирани околу 40.000 случаи. Околу 50–58 милиони луѓе живеат со хронична инфекција со Хепатит Ц , со милиони нови случаи и стотици илјади смртни случаи годишно. Во ЕУ тоа е приближно 1% од населението, а во Македонија 1.2%. Хепатитис Б има вакцина. Хепатитис Ц може да се излечи.

Кај деца најчести се Ротавирус – гастроентеритис, Аденовирус – очни и респираторни инфекции и RSV (респираторен синцицијален вирус) – тешки инфекции кај доенчиња. Вакцините спасуваат животи, особено во сиромашни земји каде дехидратацијата може да биде фатална

Во пораст се и случаите на West Nile вирус – сѐ почести локални случаи во јужна и источна Европа, Денга вирус – зголемување на локален пренос во Франција, Италија, Хрватска и Mpox (мајмунски сипаници) – сѐ уште циркулираат појави во некои урбани популации

Цитомегаловирусот, иако малку познат, е присутен кај речиси сите луѓе. За здрави лица обично не е проблем, но за трудници и имунокомпромитирани може да биде сериозен ризик.

И конечно – ХИВ. Денес, со модерна терапија, луѓето живеат нормален живот со вирусот. Но, тестирањето, раната дијагноза и елиминирање на стигмата остануваат приоритет. Во светот 40.8 милиони лица живеат со HIV (2024) и има 1.3 милиони нови случаи годишно

Најзастапени вируси во Европа (2024–2025)

Во Европа најчести се респираторни вирусисексуално преносливи инфекции, и гастроинтестинални вируси, со сезонски пораст во зима и зголемен ризик од векторски инфекции во лето (поради климатски промени).

ВирусНачин на преносЗошто е застапенЗабелешка
Influenza A и B (грип)Воздушно (капки)Сезонски епидемииМилиони случаи секоја зима
SARS-CoV-2 (COVID-19)Воздушно, контактНови варијанти секоја годинаСѐ уште циркулира сезонски
Rhinovirus (обична настинка)Воздушно, контактМногу заразен и честГлавна причина за настинки
NorovirusОрално-фекално, контактЧест во болници, школиПредизвикува гастроентеритис
HSV-1 / HSV-2 (херпес)Контакт, орален/сексуаленМилиони носителиДоживотна инфекција
HPV (човечки папилома вирус)СексуалноМногу чест, поврзан со ракВакцинацијата е активна
EBV (Epstein-Barr вирус)Плуканица, контактРечиси сите го прележуваатПредизвикувач на мононуклеоза
Varicella-Zoster (овчи сипаници и зостер)ВоздушноДетска болест, повторно активирање кај возрасниВакцина достапна во некои земји
Cytomegalovirus (CMV)Телесни течностиЧест, обично асимптоматскиОпасен за имунокомпромитирани
Hepatitis B и CКрв, сексуалноПостојат хронични носителиСкандинавските и источните земји имаат различна застапеност

Оваа листа се базира на најновите достапни податоци до 2022/2023 година. Точно рангирање може да варира во зависност од критериум (инциденца, прележаност, DALY, морталитет). Некои други вируси, како Zika, Chikungunya или жолта треска, можат да предизвикаат тешки локални епидемии, но не се во „топ 10“ според глобалната серопреаленца.

Virus pathogen or virus particle interacting with cell – 3d illustration

Најзагрижувачки вируси во раст/со потенцијал за епидемија:

SARS-CoV-2 (нови соеви на COVID-19) – Нови варијанти, како „FLiRT“ и „KP.3“, се појавија во 2024–2025. Иако не се толку смртоносни, се многу заразни и можат да го избегнат имунитетот. Се шири сезонски, и кај имунокомпромитирани може да предизвика тешка болест. Денга вирус (Dengue) Масовен раст во 2024 и 2025, особено во Латинска Америка и Азија. Климатските промени → повеќе комарци (Aedes aegypti). Недостиг на вакцина и лекови → потенцијал за пандемиски шок. Зика вирус  – Повторна појава во Јужна Америка и делови од Азија. Пренослив од комарци, но и сексуално и преку плацента → опасност за бебиња (микроцефалија). Може да биде асимптоматски, што ја отежнува контролата. Хепатитис E (HEV) – Се појавува сè почесто во Азија, Африка, но и Европа. Пренос преку загадена вода/храна → проблем во урбани зони со слаб санитарен надзор. Потенцијално фатален кај бремени жени (смртност до 25%). Нипа вирус (Nipah) -Потекнува од лилјаци и свињи – соочувачки случаи во Бангладеш и Индија. Смртност: 40–75 %. Нема вакцина. Пренослив од животни на луѓе и меѓучовечки. СЗО го смета за „следната голема пандемиска закана“. Ласа вирус (Lassa fever) Присутен во Западна Африка. Пренесуван преку глодари (стаорци). Пораст на случаи последниве години. Може да предизвика хеморагична треска, смртност до 15% во тешки случаи. Марбург вирус Роднина на ебола; епидемии во Екваторијална Гвинеја и Танзанија во 2023–2024. Смртност до 88%. Пренослив меѓучовечки. Ризик за брзо ширење ако навреме не се открие. Crimean–Congo Hemorrhagic Fever (CCHF) – Појава во Турција, Иран, Балканот, Индија. Пренос преку крлежи и контакт со заразена крв. Висока смртност. Потенцијално опасен во земјоделски зони. Mpox (поранешно: мајмунски сипаници)  – Случаи сè уште се регистрираат, особено кај мажи кои имаат секс со мажи (MSM). Пренослив преку близок контакт. Постојат вакцини, но ограничено достапни. И H5N1 (птичји грип – нови случаи кај луѓе во 2024–2025) -Случаи кај луѓе во САД и Кина, со смртност од ~50%. Страв од мутации што би дозволиле лесен човечки пренос.

Што можете да направите?

Вакцинирајте се кога е можно (грип, ХПВ, хепатитис Б, ротавирус)
Одете на редовни лабораториски контроли – многу вируси не даваат симптоми
Практикувајте безбеден секс – некои вируси се сексуално преносливи
Грижете се за имунитетот – здрава исхрана, сон, физичка активност
Информирајте се, но не паничете – знаењето е првото ниво на заштита

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни