Што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон?

Стримувањето филмови и преземањето на датотеки, остава поголем дигитален отпечаток од едноставно испраќање пораки или читањето на вести.

Меѓутоа некои апликации се поефикасни, додека други можат да трошат податоци и батерија преку задачите во позадина, дури и кога не се користат. Важно е да се знае дека различните апликации можат да се користат за исти активности, кои трошат податоци на различни начини.

Кога станува збор за потрошувачката на мегабајти, доминираат првите десет апликации за видео стриминг и социјални мрежи ориентирани кон видео. Покрај тоа, Uber и Google Maps исто така имаат значителна потрошувачка на податоци, бидејќи постојано преземаат детали за картата и информации за транспортот во реално време додека се користат.

Стриминг видеото користи многу податоци бидејќи видео-датотеките се големи – видеата на YouTube обично пренесуваат 30 рамки визуелни информации во секунда, заедно со аудио, метаподатоци и податоци за обработка. YouTube обично нуди опција за гледање видеа со послаб квалитет (на пр. 240p наместо 1080p), што значи помала датотека, со помалку податоци. Сепак, страниците за стриминг обично почнуваат да го преземаат (баферираат) целото видео во заднина пред да можете да го промените квалитетот на гледање, па затоа е препорачливо однапред да ги приспособите поставките за квалитетот на видеото во апликацијата YouTube.

Следниот пат кога ќе патувате во странство, најмногу обрнете внимание кога сте во роаминг.

Поширокиот поглед на стриминг апликациите открива дека YouTube и Disney+ користат невообичаено голема количина на мобилни податоци, дури и во споредба со другите видео апликации. 

Третата апликација која најмногу троши, е Prime Video (97 MB),која  користи две третини од податоците што ги троши Disney+ и половина од YouTube. Hulu, Netflix и Apple TV користат значително помалку, додека Spotify, кој главно е базиран на аудио, користи околу 7 MB на секои пет минути.

Кога ќе ги разгледате сите овие податоци, ќе разберете зошто ви се троши батеријата, а телефонот, поточно процесорот, се загрева додека сурфате на YouTube или гледате филм на Netflix. 

Исто така, внимавајте кога следниот пат ќе патувате во странство, особено кога сте во роаминг, бидејќи дури и обична мапа, освен ако не ја преземете однапред и не ја користите офлајн, може да ги потроши вашите платени гигабајти и да ве доведе во финансиски проблеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни