Светот продолжува да се обидува да разбере зошто Доналд Трамп одлучи да, како што велат економистите, започне економски војна. Економистите објаснуваат што овие такси ќе значат за целиот свет и како ќе се одразат на глобалната економија.
Трамп минатата недела го изложи планот, кој за него како што тој вели е ослободување на Америка, а за целиот свет значи трговска војна.
Царините повторно го погодија пазарот, а акциите на берзите доживеаа голем пад поради неговата одлука. Берзата во Хонг Конг падна за 13 проценти, со најлош резултат од 1997 година. Пад имаат и германскиот DAX и Лондонската берза, не како во Хонг Конг, но пад од 8 и 9 проценти се чувствува.
А што всушност направи Трамп?
Тој воведе основни царини од 10 проценти за целиот свет, но и таканаречени реципроцитетни царини за земјите кои, како што тој тврди, најмногу ја користат Америка. Најлошо поминаа Камбоџа, Виетнам и Лаос, кои добија царини близу 50 проценти.
Реципроцните царини значат дека земјите од кои САД увезуваат стока ќе имаат царини на увозот од Америка во истиот износ, но тоа не е точно.
Во суштина, Трампова пресметка беше на тој начин што дефититот што САД го има со на пример, Србија го поделил со износот на увозот, па во случајот тој број излегол на 74, потоа го поделил со два и дошол до 37 проценти царини, по што Србија е меѓу топ 10 земји кои наводно се најмногу користеле од Америка.
Тоа практично значи дека на производ од Србија кој чини 10 долари ќе треба да се додадат уште 3,70 долари.
Увозниците мора да го платат тој данок на државата, односно наВашингтон. Тие средства можат да ги пренесат на потрошувачите, кои ќе треба да платат повеќе за стоката, или на пример да увезуваат помалку. Сето ова Трамп го прави за да натера Американците да купуваат домашна стока и американските компании да се вратат и произведуваат во Америка.
Освен овие царини, тој воведе 25 проценти царини на челик и алуминиум, како и 25 проценти на автомобили. Суштински, производите ќе поскапат за американските потрошувачи, од алкохол, чоколада до електроника. Ќе поскапат и производите кои се склопуваат во САД од увозни делови.
Производителот на автомобили Стелантис, кој работи во Србија, има фабрики во Америка, но увезува делови од Мексико. Тоа значи дека и тие автомобили ќе поскапат. Веќе се отпуштени околу 900 вработени во Стелантис во Америка.
Прогнозите се дека автомобилите кои се склопуваат во Америка ќе поскапат помеѓу 4.000 и 10.000 долари. И тука е клучното прашање: ако се погоди куповната моќ на Американците, колку долго ќе траат овие царини?