Што можеме да научиме од Севиља и од тоа како се справува со големата жештина?

Во жешката Севиља, температурите во средината на денот надминуваат 40 степени, што ја прави еден од најжешките градови во Европа. Сепак, нивните искуства можат да ни помогнат бидејќи и Македонија се затоплува побрзо од просекот.

Како да имате фен за коса во лицето. Со причина, шпанската Севиља се нарекува „ибериска печка“.

Да, нема многу влажност, но ако останете на сонце долго време, навистина можете да ја почувствувате топлината, објавува Би-Би-Си.

Во три часот попладне, температурата е околу 40 степени.

„Транливо е во сенка“, „Барем не е 50 степени!“, се само дел од коментарите на минувачите.

Севиља, шарен, древен и прекрасен град, е еден од најжешките во Европа, а температурите стануваат сè поекстремни.

Затоа, локалното население е принудено да се адаптира и да се менува поради зголемувањето на температурите.

Бидејќи нашите градови се соочуваат и со сè поекстремна топлина, можеби би можеле да научиме нешто од топлите локации како Севиља.

Во тамошните региони, сенката е неопходна. Во стариот дел од градот, дрвјата и фонтаните со проточна вода, кои ја ладат околината, се многу честа глетка. Зградите се блиску една до друга, што создава сенка. Во посовремените и поновите делови од градот, тендите се протегаат по улиците со продавници за да обезбедат сенка. Повеќето јавни згради имаат климатизација, каде што луѓето можат да побараат засолниште од топлината за време на топлотните бранови.

Во центарот на Севиља има огромна дрвена структура наречена Setas de Sevilla. Освен што претставува прекрасна глетка, таа го лади целиот простор.

Создавањето сенка стана дел од идентитетот на градот.

Секако, најдобриот начин да се избегне топлината е да не се остане надвор, објавува Би-Би-Си.

Многу барови и ресторани се затвораат попладне.

Како што знаеме, сиестата е неизбежен дел од шпанскиот живот. Мора да работи, но мора и да се одмара во средината на денот. Бидејќи температурите се највисоки во тој период од денот, нема подобра причина за попладневен одмор – сиеста.

Мештаните повторно излегуваат подоцна навечер, по 20 часот, кога топлината се смирува.

Докторката Мехри Косрави, експерт за топлина од Универзитетот во Источен Лондон, вели дека Лондончани исто така треба да го променат својот став кон екстремната топлина и можат многу да научат од своите континентални соседи.

„Мораме да се адаптираме кога станува збор за дизајнирање згради. Но, исто така мора да го промениме однесувањето, особено во Обединетото Кралство, каде што нема култура на справување со топлината. Луѓето тука ја перцепираат топлината како пријатна работа, организираат скари и слободни активности, но мора да почнеме да ја третираме како ризик“, изјави таа.

Во текот на најжешките часови, некои активности во Севиља се паузираат и продолжуваат дури навечер.

Кога шетате по улицата преку ден кога сонцето гори, можете да видите дека Шпанците никогаш не ги отвораат прозорците. Завесите се спуштени за да се спречи влегувањето на топлината. Аерацијата се остава преку ноќ.

Овие едноставни промени во однесувањето и рутината можат да направат голема разлика во справувањето со топлината и можеме да ги позајмиме за да се справиме со „нашите“ топлотни бранови.

Во Севиља, многу кафулиња воведоа и практично решение.

На тендите се поставени прскалки за вода, така што, додека чекате тапас, ќе бидете облеани со фино освежување што ја намалува температурата за неколку степени.

Во 2022 година, Севиља стана првиот град што именуваше топлотен бран и го нарече Зое. Целта беше да се подигне свеста и да се охрабрат луѓето да бидат внимателни. Други градови, како што е Атина, сега ја разгледуваат идејата.

Во Италија, топлотните бранови се нарекуваат Керберос и Харонтес, иако ова предизвика многу дебати бидејќи не сите се согласуваат дека помага во борбата против глобалното затоплување.

Низ целиот свет, бурите имаат интересни имиња, па затоа не е тешко да се замисли дека топлотните бранови ќе добијат ист третман.

Од 2022 година, во Лондон се воведени промени. Температурите тогаш достигнаа рекордни 40,2 степени.

Во извештајот за отпорност на климата се вели дека Лондон мора „подобро да се подготви“ за сериозни поплави и топлотни бранови предизвикани од климатските промени.

Исто така, беше спроведена вежба наречена Операција Хелиос, во која агенциите идентификуваа како проблемите за време на топлотен бран би можеле да предизвикаат верижни ефекти.

Создадена е и „мапа на ладни простори“ – затворени простори каде што граѓаните можат да побараат засолниште за време на високи температури. Фонтани за вода се наоѓаат низ целиот град и се достапни во текот на целата година.

Создадена е мапа на климатски ризик за да им се помогне на лондонските општините да идентификуваат кои заедници се најранливи на екстремни временски настани.

Планот за намалување на ризикот од топлина во Лондон моментално е во фаза на развој.

Градоначалникот на Лондон, исто така, сака да ја зголеми површината под крошна за 10 проценти до 2050 година.

Мете Кобан, заменик-градоначалник задолжен за животна средина и енергија, рече: „Првото нешто што треба да го направиме е да објавиме мапа на ладни простори за да им покажеме на граѓаните каде можат да се разладат. Второто нешто што го правиме е инсталирање на многу повеќе точки за полнење вода – над 4.000 локации низ градот – за да се осигураме дека Лондончани остануваат хидрирани. Исто така, засадивме повеќе од 600.000 дрвја од 2016 година.“

Дали навистина не е време и во Македонија да се применат сите овие искуства и мерки за да можеме навремено да се справиме со топлотните бранови?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни