Што може Европа да направи за подобра заштита од руско мешање во GPS сигналите?

Европа се соочува со зголемено GPS мешање од Русија и Белорусија, особено во Балтичкиот и Црноморскиот регион

Европа се соочува со зголемен број случаи на мешање во GPS сигналите – особено во региони како Балтичкото и Црното Море, каде што најмногу се влијае околу аеродроми и критична инфраструктура.

Во мај 2025 година, европски министри пријавија дека GPS “џемирање” (попречување) и “спуфирање” (лажирање) се евидентирани уште од 2022 година, најчесто од Русија и Белорусија.

На мета дури и високи претставници на ЕУ

Авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше погоден од GPS мешање додека летал над Бугарија, во близина на руската и белоруската граница.

Бугарските власти се сомневаат во руска вмешаност.

Интерференција низ цела Источна Европа

Во Литванија, во јуни 2025 биле регистрирани над 1.000 случаи на GPS мешање, што е 22 пати повеќе од истиот месец претходната година. Во Естонија, 85% од летовите биле погодени. Полска пријавила 2.732 случаи на “џемирање” и “спуфирање” во јануари 2025. Слични инциденти биле забележани и кај летот на тогашниот британски министер за одбрана, Грант Шапс, во близина на Калињинград.

Што е GPS џемирање и спуфирање?

GPS џемирање: поречување на радио сигналите, со што приемникот не може да добие точна информација од сателитот. GPS спуфирање: Испраќање на лажни сигнали, што доведува до погрешни податоци за позицијата или насоката.

Овие методи се дел од таканаречена “хибридна војна” или електронска војна, која Русија ја користи за заплашување и дестабилизација на соседните земји.

„Во северна Норвешка, во регионот Финмарк, има GPS џемирање на амбулантни возила, авиони и шумарски операции – и тоа до Латвија, Литванија и Финска,“ вели проф. Дејвид Стаплс.

Безбедноста на летовите сè уште е под контрола

Според експертите, пилотите се обучени за овие сценарија. Радарските системи на Eurocontrol овозможуваат безбедно управување со летовите. Најголем ризик постои само во екстремни временски услови, во темница и густ воздушен сообраќај – но вакви ситуации се помалку од 1% од сите летови, според стручњаците.

Што планира Европа да преземе?

Поголема сателитска покриеност

Комесарот за одбрана, Андриус Кубилиус, најави дека ЕУ ќе ја зголеми бројката на сателити во ниска орбита за подобро откривање на GPS мешање.

Нови алтернативи на GPS

13 земји-членки побараа од Европската комисија да развие алтернативни навигациски системи и да го забрза развојот на GNSS системи отпорни на мешање (како Galileo)

НАТО вклучен во решението

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потврди дека Алијансата работи на мерки против руското мешање, особено во цивилното воздухопловство.

GPS мешањето од Русија веќе сериозно ги засега безбедноста и стабилноста во неколку европски земји. Иако засега авиосообраќајот е безбеден, ризиците растат, особено во чувствителни временски услови и зони близу до граници.

За да се одбрани, Европа мора да инвестира во сопствени безбедносни сателитски системи, да воведе технички заштити од GPS манипулации и да координира со НАТО и државите-членки во стратегија за електронска одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни