Кога сте биле мали, родителите сигурно ве плашеле дека ако ги голтате семките, ќе ви израсне лубеница во стомакот. Кога станува збор за оваа тема, луѓето се поделени во мислењата. Некои јадат само „месо“ и ги отстрануваат „коските“, други не се грижат и јадат сè. Кое е подобро?
„Ако случајно проголтате семка од лубеница, ништо лошо нема да се случи. Тие не се акумулираат во телото, туку ги исфрламе по природен пат“, вели гастроентерологот Анастасија Тимошенко.
Белите семиња се меки и полесно се голтаат, додека црните семки тешко се џвакаат, па затоа многумина претпочитаат да ги отстранат. Но, со оглед на тоа дека се богати со хранливи материи, особено со омега-3 масни киселини, калиум и магнезиум, пожелно е да се јадат печени.
Измијте ги и исушете ги семињата. Кога целосно ќе се исушат, прелијте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги на плехот. Посолете ги, па печете ги во рерна загреана на 160 степени 10 до 15 минути. Слободно играјте си со зачини како кајен пипер, цимет или малку шеќер.
Сепак, пациентите со гастроинтестинални проблеми треба да бидат внимателни. Семките од лубеница може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.
Фото: pexels
Извор: index