Во рамки на јавната консултација за Европската стратегија за податоци, најголем дел од одговорите пристигнале од Западна Европа, додека 25% од учесниците побарале ревизија на GDPR, покажува најновиот извештај на Европската комисија (DG Connect)
Кој учествувал во консултацијата?
Европската комисија прибира мислења на два начина: Call for Evidence (Повик за докази) – каде што организациите можат слободно да испраќаат коментари и Public Consultation Questionnaire (Јавен прашалник) – со однапред дефинирани одговори, кој често се критикува како едностран.
Токму поради тоа, повеќе организации одговориле на Повикот за докази (247) отколку на формалниот прашалник (171 учесник).
Активност по региони
- Западна Европа: 49,12% од сите одговори
- Германија: 19,88%
- Белгија: 19,88% (многу здруженија имаат седиште во Брисел)
- Франција: 9,36%
- Јужна Европа: 12,23%
- Италија: 4,09%, Шпанија: 4,09%, Грција: 2,34%, Португалија: 1,71%
- Скандинавски земји: 9,93%
- Шведска: 5,26%, Финска: 2,92%, Данска: 1,75%
- Централна и Источна Европа: само 8,16%
- Романија, Унгарија и Естонија по 1,75%, Чешка 1,17%, Словенија, Полска и Литванија по 0,58%
Нема одговори од: Бугарија, Словачка, Латвија, Хрватска, Малта, Кипар и Луксембург.
GDPR и „закочената“ економија на податоци
Иако GDPR не бил фокус на консултацијата, четвртина од учесниците сепак го споменале како главна пречка за развојот на европската економија на податоци.
Според нив, ако компаниите не можат да пристапат до безбедни, неперсонални податоци поради прекумерна класификација како „лични“, тогаш промените во Data Act или Open Data Directive нема да дадат резултати.
Клучни бројки и ставови:
27% од учесниците сметаат дека GDPR треба да биде дел од консолидацијата на законодавството за податоци.
Многу експерти го сметаат ePrivacy рамковниот акт за застарен и бараат негова усогласеност со GDPR.
- 136 испитаници побарале ревизија на постојните закони за да се олесни користењето податоци во AI-обуката.
- Од нив, 34 го посочиле GDPR како приоритетен,
- 15 – Директивата за авторски права,
- 12 – AI Act,
- 9 – Data Act,
- 4 – ePrivacy.
Главни проблеми што ги посочиле учесниците
Неусогласено спроведување на правилата од страна на националните тела за заштита на податоци. Различни толкувања на тоа што претставува „личен податок“, особено во контекст на интернетот на нештата (IoT). „Kiss of death“ ефектот на GDPR – премногу широка дефиниција што го кочи иновативниот развој. Комплексна усогласеност со GDPR – многумина бараат појасни и поедноставни правила.
Што понатаму?
Авторката на извештајот предупредува дека самото олеснување на усогласеноста не е доволно.
Неопходно е и оценка на тоа како земјите-членки ги применуваат правилата и колку активно создаваат правни исклучоци, ревидирање на GDPR за современи потреби и појаснување на дефиницијата за „лични податоци“,
