Што и правиме на природата тоа добиваме преку храната

Обновувањето на природата би ги подобрило условите и закрепнувањето на пчелите, кои се едни од најдобрите опрашувачи. Според податоците на УНЕП, од 100-те видови култури кои обезбедуваат 90 отсто од светската храна, над 70 се опрашуваат од пчели. Во следните децении, со сегашните практики, околу 20.000 растителни видови важни за пчелите би можеле да исчезнат. Земјоделството има значително негативно влијание врз нив, поради употребата на пестициди и монокултура.

Неодржливото користење на копнените и морските екосистеми доведе до несигурност во земјоделството и рибарството, односно снабдувањето со храна. Единствениот начин да се дојде до промена е да се обноват екосистемите со решенија засновани на природата.

Околу 80 отсто од глобалното обработливо земјиште е погодено од барем еден облик на деградација, а од ерозии кои влијаат на квалитетот на почвата е погодена една петтина од земјоделското земјиште ширум светот. Се проценува дека ерозијата на почвата се зголемила за околу 2,5 отсто во периодот од 2001 до 2012 година, пред се поради уништувањето на шумите и зголемената површина на обработливо земјиште, се наведува на веб-страницата на УНЕП.

Околу 3,2 милијарди луѓе се погодени од последиците од деградацијата на земјиштето, а предвидувањата покажуваат дека деградацијата може да ја намали продуктивноста на храната за 12 проценти, што ќе доведе до зголемување на цените на храната.

Обновувањето на природата би ги подобрило условите и закрепнувањето на пчелите, кои се едни од најдобрите опрашувачи. Според податоците на УНЕП, од 100-те видови култури кои обезбедуваат 90 отсто од светската храна, над 70 се опрашуваат од пчели. Во следните децении, со сегашните практики, околу 20.000 растителни видови важни за пчелите би можеле да исчезнат. Земјоделството има значително негативно влијание врз нив, поради употребата на пестициди и монокултура.

Иако има преку 50.000 растенија кои можеме да ги користиме во нашата исхрана, само оризот, пченката и пченицата обезбедуваат над 50 отсто од светската храна. Доколку продолжи практиката во која човештвото се потпира само на споменатите три вида, може да дојде до несигурност во храната. Затоа, неопходно е да се усвојат одржливи земјоделски практики и да се одгледува разновиден зеленчук, овошје и култури, што исто така ќе придонесе за обновување на биолошката разновидност.

Колку е итно обновувањето на природата покажува и фактот дека милион видови се во опасност од исчезнување, додека земјата станува неплодна, а изворите на вода пресушуваат.

Извор: energetskiportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни