Доколку пребарувате „што го зголемува тестостеронот“ на Google, ќе се соочите со бескрајна листа на таблети, напивки и сомнителни совети. Но, постои еден природен и изненадувачки засилувач – сечењето дрва.
Истражување објавено во Evolution and Human Behavior покажува дека физички задачи како сечење дрва значително го зголемуваат нивото на тестостерон, дури повеќе од спортски активности како фудбалот.
Во истражувањето учествувале 63 мажи на возраст од 16 до 80 години, од кои 51 биле вклучени во едночасовни сесии на сечење дрва (12 биле исклучени бидејќи џвакале листови од кока). Нивото на тестостерон било мерено преку примероци од плунка пред и по активноста. Резултатите биле споредени со податоци од 82 учесници во фудбалски натпревар.
Резултатите? Нивото на тестостерон кај мажите што сечеле дрва се зголемило за неверојатни 48,6%, надминувајќи го зголемувањето од 30,1% кај фудбалерите. Важно е да се истакне дека возраста, здравствената состојба или болката немале никакво влијание на резултатите.
Ова откритие го предизвикува традиционалното верување дека тестостеронот е поврзан само со конкуренцијата меѓу мажите, нагласувајќи ја неговата важност и во секојдневните физички задачи кои бараат сила и напор.
Заклучок? Сечењето дрва не само што е корисно за вашето здравје, туку и значително го засилува тестостеронот – без сомнение, најприродниот и најефикасниот „појачувач“.
Подгответе се за тестостеронски бум – со секира во рака!