Што е сезонска депресија и дали патите од неа?

Се смета дека дури три проценти од општата популација доживува сезонска депресија

Психијатарот Норман Розентал од Медицинскиот факултет Џорџтаун во 1984 година го објавил првиот труд за научно именување на овој феномен во зима: Сезонското афективно растројство (SAD), исто така наречено сезонска депресија, беше тип на депресија предизвикана од темните зимски денови.

Последователните студии откриле дека оваа форма на депресија варира во зависност од тоа каде живеете. Се смета дека дури три проценти од општата популација доживува сезонска депресија. Друга студија на истиот психијатар објавена во 1990 година покажала дека состојбата станала поприсутна во САД, во северните делови, при што дури 10 проценти од жителите на Њу Хемпшир ја пријавиле состојбата. И, изненадувачки, околу 10 проценти од пациентите кои страдаат од сезонска депресоја имаат симптоми и во текот на летото. Но, без разлика дали во зима или во лето, експертите за ментално здравје велат дека постојат решенија за лекување на оваа состојба.

Лошо расположение наспроти сезонска депресија

Нормално е расположението да варира со годишните времиња, па дури и луѓето да се чувствуваат малку поопуштено во зима, велат експертите, но оние кои страдаат од сезонска депресија ги доживуваат симптомите на клиничка депресија. „Тие се сосема исти“, вели Кели Рохан, психолог од Универзитетот во Вермонт, специјализирана за ова нарушување. Според неа, симптомите се губење интерес за нештата, промени во спиењето, значителна промена во исхраната или апетитот, губење на енергијата, замор и тешкотии со концентрирање.

Во клиниката за истражување на зимската депресија во Јеил, најчесто пријавени симптоми на зимска депресија се хиперсомнија – желбата за спиење повеќе од вообичаено – и зголемен апетит, вели Пол Десан, психијатар и директор на клиниката.

„Тоа е како човечките суштества да се обидуваат да хибернираат“, вели Десан. Повеќето луѓе почнуваат да искусуваат симптоми во младоста, но оваа состојба може да започне во која било фаза од животот. Состојбата исто така варира во зависност од полот. „Околу три пати повеќе жени отколку мажи страдаат од сезонска депресина од причини што не ги разбираме“, вели Десан.

Зошто се случува сезонската депресија во зима?

„Прифатено е дека активирањето е краток фотопериод – бројот на часови од утро до самрак“, вели Рохан. „Тоа е најсилниот индикатор за тоа кога ќе започнат симптомите“. Една од водечките теории е дека промената на дневната светлина го нарушува ослободувањето на мелатонин во нашите тела, хормон што мозокот го ослободува секоја вечер за да го поттикне спиењето. Процесот е дел од нашиот деноноќен ритам, нашиот вроден биолошки часовник диктира кога спиеме и будиме. Нашите часовници се поврзани со утринската светлина, но како што се намалува дневната светлина во зима, мелатонин може да се ослободи подоцна и да исчезне подоцна, сугерира теоријата. Тоа значи дека „будилникот може да се вклучи наутро, но телото сè уште е во состојба на биолошка ноќ“, вели Рохан.

Користење на светлина како терапија

За оние кои мислат дека можеби се соочуваат со сезонска депресија во зима, експертите велат дека професионалната дијагноза е клучен прв чекор кон лекувањето.

„Луѓето навистина треба да избегнуваат самодијагностика“, вели Рохан. „Депресијата е сериозен проблем со менталното здравје, па затоа е најдобро да се остави на обучени професионалци“. Седењето пред светла кутија со светлина е еден од најчестите третмани за сезонска депресија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни