Што е предизвикот „Супермен“ од кој над 11 деца завршија во болница во земјава?

ТикТок е една од најпопуларните социјални мрежи. Многу брзо стигна до повеќе од милијарда корисници и стана модерен феномен каде, меѓу другото, се појавуваат негативни трендови.

Дел од содржината се состои од опасни предизвици снимени од млади луѓе, а таквата содржина многу брзо станува вирална и достапна за милиони деца ширум светот. Нов, опасен предизвик, за кој пишуваа светските медиуми, се шири меѓу сплитските студенти. Станува збор за т.н Супермен предизвик во кој две деца ги прекрстуваат рацете, а третото дете им скока на рацете и тие го фрлаат во воздух.

Социјалната мрежа е преполна со содржини за овој опасен предизвик кој стана тренд кај средношколците. Тие ги покажуваат сите последици по здравјето на децата кои можат да произлезат од навидум безопасен тренд.

Предизвикот го изведуваат на пат, пред училиштето и во училниците, во простории во близина на мебел кој може да ги повреди, но и во простории со низок плафон, па така во едно видео, при фрлање, дете удрило во таванот и ја повредило неговата глава. Какви последици ќе донесе предизвикот зависи од тоа како ќе падне.

Дека предизвикот е опасен и дека децата може да се повредат потврдуваат и македонските здравствени власти кои известија дека 11 деца биле примени во болница изминативе неколку дена изведувајќи го овој предизвик.

Последниов период, TikTok беше полн со опасни предизвици, од кои некои доведоа до сериозни повреди, па дури и смрт. Деца се снимале како туркаат паричка зад вклучен полнач, се фрлале под автомобили, трчале по двонасочен пат додека поминуваат автомобилите, но и го задржувале здивот додека не се онесвестат.

Во безбедносните упатства на TikTok, може да се види дека тие не дозволуваат споделување на содржина што промовира или нормализира опасните дејства што може да доведат до сериозни повреди или смрт. Сепак, предизвиците се шират толку брзо што таквите објави за кршење правила често не можат да се запрат доволно брзо за да се спречи нивното ширење.

Психолозите истакнуваат дека децата често сакаат да прават работи кои се на границата на ризикот, бидејќи тинејџерите и адолесцентите сметаат дека се неповредливи и дека ништо лошо не може да се им се случи.

Тие исто така прават се за лајкови, бидејќи виртуелниот свет им е важен и таму сакаат да бидат присутни и прифатени.

Според психолозите, родителите ја имаат главната улога и можност да им помогнат на децата да носат правилни одлуки и да развијат критичко размислување. Родителите се тие кои треба да поттикнуваат отворен разговор со децата, наместо да им држат предавања и треба да им кажат дека се загрижени поради опасносто однесување и реално да им ги претстават можните последици. Експертите советуваат дека кога децата ќе добијат паметен телефон во раце, треба да бидат и предупредени за тоа што ќе го видат на интернет и да се мотивираат критички да размислуваат за содржините.

Психолозите советуваат дека не треба да им се забрануваат социјалните мрежи, бидејќи живееме во дигитална доба и наместо тоа советуваат контрола на содржината која тие ја гледаат, да ги едуцираат и да разговараат со нив за ризичното однесување што мооже да го видат на интернет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни