Заедно со месеците антивладини протести и сè почестите инциденти и конфликти, во последните денови се зборува и за порнографија за одмазда – насилство врз, претежно жени, во онлајн светот.
Студентите кои со месеци ги блокираат колеџите објавија дека интимни фотографии од студентката Николина Синѓелиќ се споделуваат на социјалните мрежи, два дена откако таа обвини началник на полицијата за насилство.
Српското министерство за внатрешни работи ги демантираше обвинувањата за насилство.
Со согласност на Николина, беше објавено дека таа била „малолетничка“ во времето кога биле направени фотографиите.