Принцезата Кејт Мидлтон не можеше ниту да претпостави дека нејзиниот живот ќе изгледа ваков каков што е денес. На многу мала возраст била обично девојче, излегувало со својата сестра Пипа, се забавувало и уживало во своите денови.
Нејзиното семејство припаѓаше на горната средна класа, а нејзиниот татко, Мајкл, работеше како диспечер на летови, додека нејзината мајка, Керол Мидлтон, беше стјуардеса во Бритиш ервејс.
Таа е најстарата од три деца, по неа Мидлтонови имаа ќерка, Филипа, и син, Џејмс.

Во осумдесеттите години, Керол Мидлтон ја основа компанијата Party Pieces, која продава производи за прослави. Во еден период, Кејт и нејзината помлада сестра Пипа биле вклучени во работата на компанијата, а нивната мајка рескажала дека Кејт била модел во еден од каталозите, кога била фотографирана како гори свеќа
Таа работа ѝ овозможила на Кејт да студира на престижниот Универзитет Сент Ендрус во Шкотска, каде што го запознала својот иден сопруг. Кејт студирала и дипломирала историја на уметност, па токму тоа би го работела доколку не станела дел од кралското семејство.
Денес таа носи бројни титули, од кои најпознати се Принцеза од Велс, Војвотка од Кембриџ, Грофица од Стратерн, Полковник на Првиот баталјон на Ирската гарда. Еден ден таа ќе стане кралица на Велика Британија.
Кејт отсекогаш била искрен спортски љубител. За време на школувањето, тренирала хокеј на трева и тенис. Никогаш не работела во професијата, но денес е покровител на бројни уметнички настани и покровител на неколку важни институции.