Постојат повеќе начини да се постигне ова.
Користете сода бикарбона
Сода бикарбона е одлична и за мирисот на вашите алишта. Можете да ја користите како замена за детергент за перење или само како додаток за пријатен мирис. Сода бикарбона исто така ви овозможува да користите помалку детергент и го прави перењето поефикасно.
Натриум бикарбонат или сода бикарбона е природна супстанца која може да ги неутрализира мирисите со регулирање на pH вредноста. Најмногу помага кога станува збор за отстранување на кисели мириси како чад, пот и повраќање.
Сода бикарбона апсорбира и масла кои можат да предизвикаат непријатни мириси. За да ги отстраните маслата, оставете сода бикарбона на облеката или алиштата еден ден пред перење.
Истурете половина чаша сода бикарбона со алиштата во машината за перење. Додадете детергент за перење и вклучете ја машината како и обично.
Исчистете ја машината за перење
Можеби проблемот воопшто не е во вашите алишта, а непријатниот мирис го предизвикува машината за перење. Верувале или не, машината за перење е почва за бактерии, па затоа и треба редовно чистење. Луѓето често забораваат да го исчистат одводот на нивната машина за перење.
Мувла може да се развие и во вашата машина за перење, најчесто дури и на делови од машината кои воопшто не се видливи. Детергентот, омекнувачот и влакната од вашите алишта исто така може да се наталожат во машината и да придонесат за појава на непријатни мириси.
За да избегнете такво сценарио, редовно чистете ја машината за перење и темелно чистете ја на секои три до четири месеци. Избелувач и белиот оцет се вашето тајно оружје кога станува збор за борба против мувлата и мирисите. Само внимавајте никогаш да не ги мешате бидејќи може да се создаде опасен хлор.
Перите помали количества алишта
Преоптоварувањето на машината за перење може да биде виновно и за непријатниот мирис. Тоа дури може да предизвика вашите алишта да не се перат правилно. Во тој случај пробајте со помала количина алишта.
Изберете друг детергент
Со толку многу детергенти на пазарот, тешко е да се избере вистинскиот. Веруваме дека сакате комбинација од пријатен мирис и способност да ги отстраните дамките од облеката.
Течните детергенти се најефикасни во отстранувањето на дамките, особено кога станува збор за отстранување на маслото од облеката.
Не дозволувајте да остане влажна облека во машината за перење
Избегнувајте да оставате влажни алишта во машината за перење откако ќе завршите со перењето. Секогаш кога ќе перете алишта, ставете ги во машина за сушење што е можно поскоро или закачете ги да се исушат на воздух.