Што да не јадете доколку имате висок холестерол?

Кога во крвта се наоѓаат нездраво високи нивоа на холестерол, тоа може да доведе до воспаление и таложење на наслаги во артериите, што потоа може да доведе до намален проток на крв, оштетување на артериите и компликации како што се висок крвен притисок, срцев удар и мозочен удар.

Доколку имате повисоки нивоа на холестерол во крвта, гледајте да ги избегнувате следните девет намирници, со цел да го подобрите вашето кардиоваскуларно здравје.

Транс масти

„Вештачките трансмасни киселини го зголемуваат холестеролот и придонесуваат за ризик од срцеви заболувања“, вели спортскиот нутриционист Мари Спано.

„Производите како пуканки во микробранова печка, крекери и плочки од житарки може да содржат скриени транс масти во нивните состојки“, вели таа.

Сокови

Шеќерот може да има уште поголемо влијание од заситените масти кога станува збор за високиот холестерол и севкупниот ризик од срцеви заболувања, според медицинското истражување од 2016 година објавено во списанието Progress in Cardiovascular Diseases.

Сепак, додадените шеќери стојат зад ова зголемување на холестеролот, а не природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот или цели зрна. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пијалоците засладени со шеќер како газираните сокови се водечки извор на додаден шеќер во американската исхрана.

Студијата од 2024 година објавена во Журналот за клиничка медицина покажа дека само еден пијалок со шеќер дневно е поврзан со 18% поголем ризик од срцеви заболувања.

Бел леб, ориз и тестенини

Претерувањето со рафинирани јаглехидрати, храна без природни влакна, може да има ист ефект врз телото како содата, вели Ејми Шапиро, регистриран диететичар и нутриционист во Њујорк.

„Едноставните шеќери како белиот леб всушност можат да го стимулираат нашиот црн дроб да произведува повеќе ЛДЛ холестерол и исто така да ја намали количината на ХДЛ холестерол во нашата крв“, објаснува Гамбино.

Месото

Храната богата со заситени масти е поврзана со зголемен холестерол, вели Зумпано, посочувајќи ги преработеното месо, масните парчиња месо, брзата храна, пржената храна и преработената храна како најдобри примери.

Пржена храна

Зумпано ја нарекува пржената храна главен засилувач на холестеролот, а тоа е затоа што маслата што се користат за пржење или длабоко пржење храна често се богати со нездрави масти.

Житарици за појадок

Не само што повеќето житарки се направени од рафинирани јаглехидрати, туку и житариците за појадок се полни со додадени шеќери, предупредува Спано.

Кокосово масло

Според Гамбино, тропските масла, како што се палмата и кокосот, се особено високи со холестерол во исхраната поради нивниот процент на заситени масти (повеќе од 80% од кокосовото масло е заситена маст).

Брза храна

Иако генерално недостасуваат хранливи материи, брзата храна може да има особено подмолно влијание на холестеролот. Студија од 2017 година покажа дека луѓето кои јаделе брза храна повеќе од еднаш неделно имале зголемување на ЛДЛ и вкупниот холестерол во споредба со нивото на луѓето кои ретко ја јаделе, пишува The Healthy.

Купени преливи за салата

Повеќето преливи за салата содржат изненадувачка количина на додаден шеќер, вели Спано. Според американското Министерство за земјоделство (USDA), порција од две супени лажици типичен италијански прелив купен во маркет содржи меѓу 3,5 и 6 грама додаден шеќер, пишува The Healthy.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни