Познатиот кардиохирург д-р Џереми Лондон од Џорџија на тик-ток откри четири работи што треба да се избегнуваат после 40 години.
Виралното видео на докторот, кој зад себе има 25 годишно искуство како кардиоваскуларен хирург, собра над 2,6 милиони прегледи.
„Дејли меил“ објави дека првите две препораки што ги објави доктороте, да се избегнуваат по 40-тата година , всушност важат за сите возрасти.
Џереми Лондон во своето видео рече, дека како кардиохирург на своите роднини не им дозволува да консумираат 4 работи бидејќи абнормално го оштетуваат срцето.
Сите да се откажат од алкохол и пушење
„Ако навистина сакате да си дадете основа за долг живот, ограничете го или елиминирајте го алкохолот. Токсичен е за саекоја клетка во телото“, објасни тој на почетокот на видеото.

Тој сподели слични ставови и во врска со пушењето и употребата на електронски цигари (вејп).
„Го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови, срцев удар и мозочен удар. Не вејпирајте, не пушете“, рече тој.

Избегнувајте да го менувате сонот за други активности
Трето на неговата листа што треба да се избегнува по 40-та година е да не се менува спиењето со други активности.
„Не го менувајте спиењето за други активности. Одморот е нешто што навистина им треба на луѓето и тој треба да им стане приоритет, особено како старееме“, вели тој.

Избегнувајте токсични луѓе
Последно но не и најмалку важно правило на д-р Лондон за луѓето над 40 години, е да „избегнуваат токсични луѓе“.

„Фокусирајте се и негувајте ги односите со луѓето што ви се важни и кои ги сакате, бидејќи на крајот, тоа е она што навистина вреди“, сподели тој.
