Запознајте го Mobi Stove – иновативниот пренослив шпорет создаден од македонскиот иноватор Трајче Рушев. Идејата започнала пред четири години, инспирирана од љубовта кон природата и желбата за безбедно готвење на отворено, без ризик од шумски пожари. По 12 прототипови и многу тестирања, овој уред конечно го доби своето совршено издание – функционално, издржливо и наградено на регионални натпревари за иновации.
„Mobi Stove е направен од инокс челик, тежи само 750 грама и е совршен за моторџии, планинари и љубители на природата,“ вели Рушев.
Очекувањата се масовното производство да започне следната година, со цена од околу 150 евра – двојно поевтино од слични производи на пазарот.
Како што вели самиот иноватор: „Овој уред е лесен, склоплив и ефикасен. Тоа се трите зборови кои го опишуваат совршено. Желбата ми е Mobi Stove да го има во ланците на продавници за оутдоор опрема како Decathlon и Scout.“
Оваа иновација не е само решение за поединци, туку и инспирација за сите млади кои сакаат да развиваат зелени бизниси. „Бидете упорни и чекор по чекор ќе го постигнете саканиот резултат,“ порачува Рушев.