Што ако градот беше женски?

Градот кој е дизајниран од жени во себе има емпатија. Тоа е град што не ме прави силна и приспособлива, туку ми дозволува да бидам ранлива, а да не се плашам. Тоа е град каде што има јавни тоалети што се чисти. Простори за доење.. Град што прашува: „Како си?“

Понекогаш не брзам. Одам низ улиците на градот како сведок. Без очекувања. Го гледам и често се прашувам: Чиј е овој град и за кого е дизајниран?

Ги гледам клупите без наслони, кантите преполни ѓубре. Тротоарите и автомобилите паркирани на нив како да им припаѓаат. Ги гледам семафорите што се вклучуваат пребрзо, како да не е важно дали ќе стигнам да ја преминам улицата.

Ние, жените, често живееме во градови што бараат од нас да се движиме предвидливо и тоа од дома до работа, од работа до школо, до маркет, па пак дома… Многу често без пауза.

Ама што ако… градот беше дизајниран од жени?

Веројатно тогаш, пешачките патеки ќе беа доволно широки за да соберат и детска количка.  Без паркирани коли на секој чекор. По тие патеки ќе можеа да се движат слободно мајки со деца, стари луѓе што не брзаат, девојчиња што нема да се плашат кога ќе стемни. Патеки по кои ќе можеме да одиме без страв и без да трчаме. 

Градот кој го дизајнираат жени  би имал осветлени тротоари. Безбедни ќошиња. Паркови и улици што нема да ме  гледаат како закана ако сум сама во 22:00 часот.

А кога веќе ќе можам да се движам полека, ќе почнам и да гледам. Да забележувам. Ќе ја видам липата што расцветала, дрвото што прави сенка, графитите на зградите…

Во градот дизајниран од жени, зеленилото не е луксуз. Тоа е предуслов да дишам. Тоа не е „урбана декорација“, туку грижа кон сите нас кои живееме во овој град.  Зелениот град не е само уреден парк  за фотографирање. Тоа е простор за пауза во времето кое го минувам со кафе во термос и книга додека децата слободно трчаат. Зеленилото во тој град ми станува дел од секојдневието. Една убава навика. Во таков град застанувам без само да проаѓам низ него.

Во градот дизајниран од жена и културата не е настан на кој одиш само за да бидеш виден, настан за селфи и за чевли со високи потпетици. 

Во тој град, таа е проткаена во секојдневието, во муралите на зградите, во глас што чита поезија на некоја од новите градски сцени без програма и протокол каде можам да дојдам со децата, со пријателките и сите да се чувствуваат поканети.

Тоа е град во кој културата не почнува со аплауз и завршува со заминување, туку останува во мене. Исто како и архитектурата. Затоа што архитектурата во женскиот град не е само збир на објекти, туку простор што се чувствува. Таа е наменета не само за гледање, туку и за живеење. Таа не е тврда, туку флуидна, приспособена на секојдневниот живот.

Наместо згради што доминираат, има згради што ме прифаќаат. Наместо урбани решенија што ги прават улиците непроодни, има дизајн што размислува како ќе се движам ако имам количка, ако одам побавно, ако носам торби или ако само сум уморна…

Женската архитектура има големи балкони кои не гледаат во соседните згради туку ми даваат простор да дишам.

Градот кој е дизајниран од жени во себе има емпатија. Тоа е град што не ме прави силна и приспособлива, туку ми дозволува да бидам ранлива, а да не се плашам. 

Тоа е град каде што има јавни тоалети што се чисти. Простори за доење…

Град што прашува: „Како си?“

Таквиот град не е утопија. Тој е можен, ако наместо само згради градиме и разбирање. Градот дизајниран од жени не е град само за жени. Тој е град за сите што се уморни од борбата и сакаат простор каде ќе може да се биде, а не да се докажува. Човечки и топло.

Град што не ти вели ,,снајди се” и „движи се“, туку те прашува: „како си?“ќе ќе можам да се движам полека, ќе почнам и да гледам. Да забележувам. Ќе ја видам липата што расцветала, дрвото што прави сенка, тревата што не е уредена, ама расте.

Во градот дизајниран од жени, зеленилото не е луксуз. Тоа е предуслов да дишам. Тоа не е „урбана декорација“, туку грижа.  Зелениот град не е само уреден парк  за фотографирање. Тоа е простор за пауза, за време кое го минувам со кафе во термос и книга додека децата слободно трчаат. Зеленилото ми станува дел од секојдневието. Една убава навика. Во таков град застанувам без само да проаѓам низ него.

Во градот што го замислувам и културата не е настан само за селфи и чевли со високи потпетици. Таа е вткаена во секојдневието, во муралите на зградите, во глас што чита поезија на некоја од новите градски сцени без програма и протокол каде можам да дојдам со децата, со пријателките и сите да се чувствуваат поканети.

Тоа е град во кој културата не почнува со аплауз и завршува со заминување, туку останува во мене. Исто како и архитектурата. Затоа што архитектурата во женскиот град не е само збир на објекти, туку простор што се чувствува. Таа е наменета само за гледање, туку за живеење. Таа не е машки тврда, туку флуидна, приспособена на секојдневниот живот.

Наместо згради што доминираат, има згради што прифаќаат. Наместо урбани решенија што ги прават улиците непроодни, има дизајн што размислува како ќе се движам ако имам количка, ако одам побавно, ако носам торби или ако само сум уморна…

Женската архитектура има големи балкони кои не гледаат во соседните згради туку ми даваат простор да дишам.

Градот кој е дизајниран од жени во себе има емпатија. Тоа е град што не ме прави силна и приспособлива, туку ми дозволува да бидам ранлива, а да не се плашам. Тоа е град каде што има јавни тоалети што се чисти. Простори за доење..

Град што прашува: „Како си?“

Таквиот град не е утопија. Тој е можен, ако наместо само згради градиме и разбирање. Градот дизајниран од жени не е град само за жени. Тој е град за сите што се уморни од борба, и сакаат простор каде ќе може да се биде не да се докажува. Човечки и топло.

Град што не ти вели „движи се“, туку те прашува: „како си?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни