Што ќе донесе соработката на бренот „Масимо Дути“ со една од најпознатите концептуални уметници и изведувачи Марина Абрамович?

Масимо Дути Марина Абрамович официјално пристигнува од 5-ти декември. High street брендовите од недела во недела редат соработки со личности кои остравиле некаков значаен белег на модната индустрија. Maсимо Дути, пак, најавува поинаква соработка, во рамките на овогодинешната недела на уметност во Мајами. Брендот се здружува со една од најпознатите концептуални уметници и изведувачи Марина Абрамович.

Нема многу информации, но она што де знае е дека преку соработката Марина Абрамович ќе го истражува поимот „номад“, преку книга и изложба, а Масимо Дути оди чекор понатаму со соработката и организира ексклузивна изложба во хотелот „Фаена“ во Мајами. Изложбата ги поканува посетителите да го искусат нејзиното патување и искуство преку цртежи, поезија, фотографии и рефлексии.

Покрај соработката како дел од овогодинешната недела на уметноста во Мајами, моментално не е јасно дали заедно ќе лансираат модна колекција што ќе ја придружува соработката што ги спојува световите на современата уметност и модата во едно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни