Кога ќе помислите на одличниот изглед на холивудските актерки, често ви паѓа на ум дека користат скапа козметика што не можеме да си ја дозволиме или одат во салони за скапи третмани за кои тие исто така имаат пари и време, пишува Lepa&Srećna.
Сепак, познатата холивудска актерка Хали Бери, својот младешки изглед, сјајна кожа и прекрасно тело го одржува со едноставна и евтина храна.
Актерката тврди дека супата што ја јаде е заслужна за ова. Секако, супата што ја прави не е обична. Главната состојка на овој специјалитет се коските. Затоа 51-годишната актерка често оди кај месарот за да го земе својот дел од коските што инаку би биле фрлени во таа продавница.
На овој начин, добивате целосно бесплатен козметички третман, бидејќи како што се стврднува, коските се полни со колаген што ве прави да изгледате беспрекорно и го забавува стареењето.
Јадењето супа од коски може да обезбеди изобилство на залихи од овој витален протеин, производството на телото се забавува како што старееме. Колагенот е одговорен за здравјето на коските, кожата, цревата, го стимулира метаболизмот и обезбедува енергија. Исто така, ги зајакнува ноктите, косата и забите. И најважно за секоја жена е што колагенот ја прави кожата поеластична, а целулитот и стриите се намалуваат.
Рецептот на актерката за супа од коски е едноставен, само треба да ги потопите коските во топла вода и да ги готвите 24 часа на тивок оган, а по тој период консумирајте ја супата полна со скапоцен колаген.